6.8 C
Скопје
04:14 - 31 март, 2026

Ахметов, најбогатиот човек на Украина ветува: „ЌЕ ГО ОБНОВАМ МАРИУПОЛ“

„Верувам дека нашите храбри војници ќе го бранат градот, иако сфаќам колку им е тешко“.

Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина и претседател на фудбалскиот тим Шахтјор Доњецк, вети дека ќе го обнови градот Мариупол, кој седум недели беше под руско бомбардирање.

„Мариупол е глобална трагедија и глобален пример за херојство. За мене Мариупол беше и секогаш ќе биде украински град “, рече Ахметов, а пренесуваат меѓународните медиуми. „Верувам дека нашите храбри војници ќе го бранат градот, иако разбирам колку им е напорно и тешко“, додаде тој.

Кој е Ринат Ахметов?

Според магазинот Форбс, нето вредноста на Ахметов во 2013 година достигна 15,4 милијарди долари. Моментално „тежи“ 7,1 милијарди долари што го рангира меѓу 300-те најбогати луѓе во светот.

„За нас, војната избувна во 2014 година. Ги загубивме сите наши средства и на Крим и на привремено окупираната територија на Донбас. Ги загубивме нашите бизниси, но тоа нè направи посилни и поцврсти “, рече Ахметов.

Ахметов е роден на 21 септември 1966 година и е претприемач, спортски директор и тајкун, претседател на System Capital Management, една од водечките индустриски компании во украинскиот бизнис, и на фудбалскиот клуб Шахтјор Донецк.

Сопственик е и на челичарницата Азовстал во Мариупол, која стана база на националистичкиот баталјон Азов и на украинските маринци кои се спротивставуваат на нападите на руските трупи.

Инаку, олигархот е роден во Доњецк, во Украинската ССР, во работничко семејство. Неговиот татко, Леонид Ахметов, бил рудар за јаглен, а неговата мајка, Нјакија Насрединовна, продавачка. Ахметов дипломирал економија на Националниот универзитет во Доњецк во 2001 година.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....