11:46 - 3 април, 2026

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Отворена риносептопластика

„Златен стандард“ за решавање функционални и естетски деформитети на носот.

Ринопластиката претставува хируршка процедура од областа на пластична, реконструктивна и естетската хирургија со која се извршува ремоделирање на коскените и ‘рскавични структури на носот со цел да се постигне подобар естетски резултат.

Доколку покрај естетска корекција, во истиот оперативен акт, се направи и функционална корекција на носот, корекција на септумот (девијација на септумот) со цел да се решат функционални проблеми, потешкотии при дишењето преку носот, станува збор за риносептопластика.

Клиника „Жан Митрев“: Отворена ринопластика

Во светот „златен стандард“ за извршување на овие две процедури (ринопластика и риносептопластика) е отворениот пристап.

Во Клиника „Жан Митрев“, следејќи ги светските препораки, за првпат беше извршена риносептопластика со отворен пристап како хируршка техника.

Оваа техника се изведува во општа анестезија, при која со мал засек низ колумелата-ткивната лента што ги дели ноздрите, се пристапува на сите коскени и ‘рскавични структури на носот. Ова му дава на хирургот јасен и директен пристап до сите градбени компоненти на носот и можност за прецизно менување и ремоделирање на структурите. Отворената риносептопластика е прифатена како најдобра хируршка техника кога станува збор за корекција на носот бидејќи обезбедува поголема контрола и прецизност во текот на постапката.

Клиника „Жан Митрев“: Отворена ринопластика

Постоперативно се прави фиксирање на носот со силиконски тампони и термопластичен имобилизатор за нос што дополнително им го олеснува на пациентите постоперативниот период.

Две недели постоперативно пациентот се чувствува одлично, среќен што може за првпат да диши преку својот нос непречено и пресреќен со естетскиот резултат.

За да закажете консултација јавете се во нашиот контакт центар 02/3091-484

Д-р Илина Гаџевска Томулевска

Супспец. по пластична реконструктивна и естетска хирургија

Д-р Илина Гаџевска Томулевска

(Комерцијален текст)

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....