-1.2 C
Скопје
05:54 - 11 март, 2026

Овие пејачи одбиле да гостуваат на концертот на Тања Савиќ: „Пријателите можам да ги набројам на прстите на едната рака“

Српската пејачка Тања Савиќ неодамна одржа спектакуларен концерт во белградска Арена, а од нејзините колеги од српското натпреваручко шоу „Ѕвездите на Гранд“ на концертот се појави само Бане Мојиќевиќ.

Тања Савиќ пред самиот концерт открила дека ги повикала сите свои колеги од „Ѕвездите на Гранд“ да гостуваат на нејзиниот концерт, но тие ја одбиле.

– Им се јавив, но не ми одговорија. Одговори само Бане Мојиќевиќ, така што очекувам од него да дојде и веројатно ќе пее на мојот концерт. А другите не, не сакаа да дојдат – рекла Тања, а на прашањето зошто мисли дека колегите ја донеле таа одлука, таа одговорила:

– Па, не сакаа. Тие се изјаснија, да… мислам за Стеван, тој нешто се изјасни сакам-не сакам, од каде да знам. Но, тој не потенцираше нешто толку многу дека ќе дојде. Не ми е јасно зошто. Бидејќи извесно време не се слушнавме, веројатно и тие малку се оддалечија. Сите се оддалечивме, повеќе не се дружиме и сето тоа е можеби поради тоа. Но, сепак, мое беше да ги поканам, па сега, тие ако сакаат.

– Мене ми недостасуваат и навистина посакувам сите да сме блиски, не зборувам само за мојата генерација, туку воопшто за луѓето од поп музиката. Порано повеќе се дружев со повеќето од нив, а сега буквално не се дружам со никого. Не знам дали јас сум се променила, па некои луѓе повеќе не ми годат. Сега кога би можела да ги избројам моите пријатели на прстите од едната рака, тоа би било тоа.

Инаку, првата група на „Ѕвездите на Гранд“ ја сочинуваа Бане Мојиќевиќ, Тања Савиќ, Славица Ќуктераш, Немања Николиќ, Стеван Анѓелковиќ, Дарко Филиповиќ.

 

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....