13:32 - 5 април, 2026

20 март, со доаѓањето на пролетта се одбележува Меѓународниот ден на среќата: МАКЕДОНИЈА НА 89.МЕСТО, најсреќни се нордиските земји

Датумот го одреди Генералното собрание на Обединетите нации. Настан создаден за да потврди дека среќата е едно од основните права на човекот.

Сите трчаме по неа и понекогаш, ретко, го вдишуваме нејзиниот „парфем“. За некои среќата е давање, за други успех, за трети – пуштање работите сами да си течат. Тешко успеваме да ја задржиме повеќе од неколку моменти и, скоро секогаш, од временска дистанца, сфаќаме дека сме биле среќни и додека сме трчале по неа.

Накратко, среќата не е едноставна „работа“, уште потешко е да се замисли во време на криза и конфликт. Но, таа секогаш мора да се слави и да се „охрабрува“. Денеска со пролетта доаѓа Меѓународниот ден на среќата, настан создаден да потврди дека среќата е една од основните права на човекот.

Денот се одбележува на 20 март секоја година, почнувајќи од 2013 година. Датумот е утврден од страна на Генералното собрание на Обединетите нации преку резолуцијата од 28 јуни 2012 година во која се вели: „…дека потрагата по среќа е основна цел на човештвото…“ . За датум е избран 20 март поради одредена причина: се совпаѓа со пролетната рамноденица. Овој ден е симбол на повторното раѓање на природата.

Секоја година, непосредно пред Меѓународниот ден на среќата, ОН на својата веб-страница го објавуваат Светскиот извештај за среќа, кој ја составува листата на најсреќните земји во светот врз основа на критериуми како што се БДП по глава на жител, благосостојба, очекувања од животот, слобода, отсуство на корупција и социјална соработка.

Податоците се дел од глобалната анкета како луѓето го ценат својот живот во повеќе од 150 земји низ светот.

Нема некакви изненадувања во Светскиот извештај за среќа за 2021 година, сега во неговото 10-то издание, и покрај тоа што пандемијата „Ковид-19“ го заобиколи светот.

На подиумот секогаш се нордиските земји кои од среќата знаат да направат вистински начин на живот.

На првото место е Финска, потоа Данска и Исланд, а Македонија се наоѓа на 89.место.

На дното на листата се Авганистан, Либан, Зимбабве, Руанда и Боцвана.

Слични објави

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо

Хороскоп за 5 април: Стрелците ќе бидат пријатно изненадени од саканата личност

apostolova

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.
Се вчитува....