-2.2 C
Скопје
01:13 - 22 ноември, 2024

15 ФАКТИ што веројатно не ги знаете за ОСКАРИТЕ: „Статуетката изгледа исто како мојот вујко Оскар!“.

Дали знаевте дека…

  1. Официјалното име на наградата е Оскар за заслуги, но сите отсекогаш го нарекувале едноставно Оскар. Никој не знае од каде доаѓа името Оскар. Првата претпоставка се однесува на првиот сопруг на Бети Дејвис (американска актерка со кариера долга повеќе од 50 години и 100 актерски заслуги), кој го имаше Оскар како неговото средно име; втората претпоставка е дефинитивно позабавна и попопуларена, се вели дека во 1931 година, извршната секретарка на настанот, Маргарет Херик, кога ја виде златната статуетка извикала: „Таа изгледа исто како мојот вујко Оскар!“.
  2. Билети од пет долари: За време на првата церемонија на Оскарите, одржана на 16 мај 1929 година, билетите за влез во театарот чинеле само 5 долари. Настанот се одржал во хотелот Рузвелт во Холивуд и вклучувал доделување на 15 статуетки.
  3. Кога во 1928 година Седрик Гибонс добива задача да создаде награда за церемонијата, која ќе се одржи малку подоцна, тој на секој начин се обидува да го убеди Емилио „Индо“ Фернандез да позира за статуетката. Очигледно му успеа и до ден денес наградата ги носи карактеристиките на човекот.
  4. Од 2016 година новата статуетка е висока 34 сантиметри и тешка 4 килограми, покриена е со 24-каратно злато и нејзината вредност е околу 300 долари.
  5. Статуетката не била отсекогаш прекриена со злато! За време на Втората светска војна (во три изданија, од 1942 до 1944 година) Оскарот бил изработен од гипс за никој да не го украде или продава, згора на тоа металот се користел за борба против нацистите и за победа во војната.
  6. Филмовите кои освоиле најмногу Оскари досега со по 11 статуетки: Бен-Хур (во 1960 година), Титаник (во 1998 година) и Господарот на прстените – Враќањето на кралот (во 2004 година)
  7. Мерил Стрип е актерката која добила најмногу номинации, 22. Кај актерите овој примат го држи Џек Николсон, кој достигна 12 номинации.
  8. Тејтум О’Нил е најмладата актерка која добила Оскар (на 10 години за Paper Moon, како спореден лик).
  9. Хети МекДаниел беше првата Афроамериканка која освои Оскар, благодарение на нејзината изведба во Однесено со виорот (1939). За време на церемонијата на доделување, сепак, таа мораше да седи во изолиран простор од собата, поради бојата на кожата.
  10. Питер Финч, за најдобра машка улога, и Хит Леџер, најдобра споредна машка улогасе единствените актери кои починаа пред доделувањето на наградите.
  11. Сандра Булок е, до денес, е единствената личност што има освоено и Оскар за најдобра женска улога (за Слепа страна) и Рази награда за најлоша актерка во иста година.
  12. Марлон Брандо и Роберт де Ниро се единствените актери кои освоиле Оскар играјќи го истиот лик, Дон Вито Корлеоне, соодветно во „Кум“ и „Кум“ – Втор дел.
  13. Најстариот добитник имаше 82 години: Кристофер Пламер во 2013 година го доби Оскарот за споредна улога.
  14. Семејство добитници на Оскар: Неколку познати парови освоиле Оскар, но само едно семејство од Холивуд може да се пофали дека ја освоила оваа престижна награда како семејство – Минели.
  15. Говор кој се памти-Кој може да ја заборави Гвинет Палтроу која плаче на патот до бината за да ја прими наградата за најдобра глумица во 1999 година за филмот „Вљубениот Шекспир“.  Потоа, Џулија Робертс, која се смеела од возбуда и заборавила да се заблагодари за својата улога во „Ерин Брокович”. Нешто подолг говор и припаѓа на глумицата Грир Гарсон, која зборувала повеќе од седум минути кога ја освоила наградата за најдобра споредна женска улога во 1934 година.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....