7.8 C
Скопје
15:00 - 22 декември, 2024

(ФОТО) ВО БОЖЕСТВЕНИОТ ДВОР НА ФАРМАЦЕВТКАТА ВЕНЕРА: Штом стапнам во дворчето ме обзема позитивна енергија!

Денес разговараме со Венера Самарџиева, по професија фармацевт, сопственичка на приватна аптека во Гевгелија. Со оглед на тоа што нејзината работа со луѓе бара многу пожртвуваност и енергија, по наподниот работен ден госпоѓа Венера уште со првиот чекор во дворчето чувствува нова енергија. Вели дворчето ѝ ја облагородува душата.
Венера со сопругот Јован кој е професор по англиски јазик, фото – приватна архива

Нашата соговорничка е голем љубител на природата.

– Уште како дете секојдневно беревме сини темјанушки од полјанките, правевме букети од јорговани и ги носевме во нашите домови каде прекрасно мирисаа. Таа љубов уште повеќе се зголеми запознавајќи го мојот сопруг, кој е страствен обожавател на убави цвеќиња и сакајќи да го израдувам, го купував секое ново, интересно цвеќенце на кое ќе наидев. Во цвеќињата ние го наоѓаме нашиот мир и спокој и еден друг свет во кој ги нема секојдневните стресни ситуации од современото време, вака ја започнува Венера својата цветна приказна.

Кој е одговорен за уредување на дворот во вашиот дом?

– Комплетната нега на цвеќињата и овошните дрвца кои ги поседуваме е на мојот сопруг Јован. Тој по професија е професор по англиски јазик, но негова пасија е убавото цвеќе и вкусните плодови, за кои неуморно се грижи во секој период од годината. Летото, кога го користи годишниот одмор, комплетно се посветува на дворот и градината и произведува органски плодови, смокви, малини, капини, јагоди, рибизли, аронија, гоџи бери, така да во секој период од годината имаме вкусни плодови од кои правиме и ладно цедени сокови кои ги складираме во стаклена амбалажа.

Со колкава квадратура располага дворот?

– Има прилично голема површина, која е поделена на два дела. Во првиот дел се наоѓа куќата и дворот со украсни растенија, а вториот дел е градина во која имаме разновидни овошни дрвца, меѓу кои и некои раритети како кинеска урма, сибирско голо киви, калинки, цреши, кајсии и слично.

Јас како фармацевт, во нашиот двор вметнав и голем број лековити и украсни растенија, кои ни го красат дворот, но ни претставуваат и вкусна храна, напиток и лек. Имаме пасифлора која ја краси нашата ограда, а чии плодови се прекрасен лек за заспивање и смирување. Лавандата е препознатлива за нашето дворче и е распространа од двете страни на патеката кон нашиот влез. Имаме и жалфија, рузмарин, маточина, чии мирисни листови се омилен напиток на цело семејство. Нането неконтролирано ни се размножува, па како суви листови си го собираме и го користиме како зачин за цела година. Оваа година, во градината за првпат засадивме и горка диња, која ни даде прекрасни плодови.

Кои цвеќиња и растенија доминираат?

– Ние си ги бираме цвеќињата во зависност од местото каде треба да стојат, па така каде и да се завртиме, уживаме во нивната убавина. Имаме високи и ниски зимзелени борчиња, колаж од неколку зимзелени растенија во различни бои, палми, индиски јорговани во црвена и розева боја, различни бои на ружи, хризамтени, пламенчиња, хортензија, гладиоли и други. Од саксиски цвеќиња имаме бенџамин, кој е висок 2,5 метри, драцена околу 2 метри, хибискус, бугенвилии во розева, црвена и бела боја, каланхое во жолта и црвена боја, телеграфче, кумкват, азалеа, неколку видови кактуси, исусов венец.

Колку време дневно бара посветеност оваа убавина?

– Во летниот период, поради високите температури кои ги имаме кај нас, оваа убавина бара поголема посветеност и секојдневно наводнување, па за да си ги олесните обврските онаму каде е можно, поставивме систем капка по капка која многу ни ја олеснува работата. Направивме и бушотина и имаме вода за наводнување на градината. Кога се пониски температурите, времето одвоено за нега не се ни забележува.

Кое е вашето омилено цвеќе и зошто?

– Секако, омилени ни се сите цвеќиња кои ги имаме, меѓутоа специфични за нашиот топол крај се бугенвилијата и индискиот јоргован чии цветови нè облагородуваат во текот на целото лето. Задоволство е само да поминете покрај нив и да почувствувате прекрасна топлина и позитивна енергија која ви ја гали душата.

Како се грижите за растенијата во текот на зимата?

– Растенијата кои се издржливи на ниски температури остануваат надвор и не бараат нега, освен кроење. Останатите ги сместуваме внатре и негата е отприлика еднаш месечно. Ги сместуваме во зависност од условите кои им се потребни, светла просторија, сончеви зраци, топлина. Бараат многу простор и затоа во иднина планираме да им изградиме посебна стаклена просторија само за нив.

Еден градинарски совет за оние кои сакаат да почнат со одгледување цвеќиња и од кои цвеќиња да почнат…

– Секој поединец си го избира цвеќето во завиност од сопствените афинитети и просторни услови. За двор, одличен избор би била лавандата која не мрзне и го краси дворот цела година, а во лето го исполнува со пријатен мирис од опојните виолетови цветови. Секако, најважно е на цвеќињата да им се пружи многу љубов бидејќи тие тоа го чувствуваат и возвраќаат со своите божествени мириси и раскошни бои.

Инаку, Венера е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

фото – приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....