6.8 C
Скопје
06:16 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Топло-ладно, еве стабилизација на времето кога точно ќе има!

– Денес времето во Македонија ќе се задржи сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Особено во западните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурата ќе се искачи до околу 30 степени.

Според Попоски, под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север и од североисток, од утре температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ, а ќе дува и умерен, особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

-Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има услови и за појава на локален дожд, особено во среда попладне и навечер, кога на највисоките планински врвови има услови за сосема слабо провејување на СНЕГ. Температурите, особено од средината на оваа недела ќе бидат значително под просекот и минималните понекаде ќе се спуштат дури до околу 0 степени, а максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, вели нашиот метео прогнозер.

Целосно стабилизирање на времето се очекува од четврток.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....