09:22 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Спремете се! Доаѓаат обилни дождови и „кочан“ време, многу наскоро, еве од кога!

– Денес времето во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Ветерот долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Според Попоски ОД УТРЕ  облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта кон четрвток од запад ќе се прошират врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во четврток и петок и локално ќе бидат со ИНТЕНЗИВЕН карактер. Сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Особено долж Повардарието ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и тоа особено од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

– Врнежи но од локален карактер ќе има и за време на викендот, најавува нашиот метео прогнозер и додава:

И во Скопскиот регион од утрешната ноќ ќе настапи промена на времето проследена со врнежи од дожд и со пад на температурите на воздухот. Максималните дневни температури, особено од четврток ќе бидат потпросечни и ќе се искачуваат само до околу 15 степени.

Слични објави

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....