01:37 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве кога ќе има нова промена на времето!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Особено во планинските региони ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 18 степени.

Според Попоски од утре па сè до петок, под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Нова промена на времето, која ќе донесе нови врнежи од дожд, како и пад на температурите на воздухот се очекува за време на викендот.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....