12:40 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Мраз, температури под нула, еве од кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Особено попладне и во вечерните часови ќе има повремен локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Според Попоски, утре претпладне сè уште ќе има нешто повеќе облачност, додека попладне облачноста ќе се намалува и од петок, па за време на викендот ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност.

Наутро температурите ќе бидат особено НИСКИ и понекаде ќе се спуштат дури до -1 степен.

– Максималните пак, од петок, па за време на викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН пораст и тоа под влијание на топла воздушна маса од југ, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен, најавува метео прогнозерот Попоски.

И во Скопје од петок, па за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 28 степени.

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....