14.8 C
Скопје
06:04 - 22 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) ГАСТРО МАРИФЕТИ: Валентина ни зготви мини фокачи со маслинки, рузмарин и лук (посно)

Блогерката за храна Валентина Стојановска стои зад профилите на социјалните мрежи  „Готвиме заедно со Теофанија“. Секојдневно таа своите следбеници ги радува со рецепти за сечиј вкус, надополнети со преубави фотографии од јадења кои ги предлага. Со оглед на тоа колку се нејзините рецепти креативни и инспиративни, нема сомнеж дека и самата Валентина е подеднаво таква – вистинска уметница во кујна.

Денес од неа ви го носиме рецептот за мини фокачи со маслинки, рузмарин и лук.

приватна архива

Мини фокачи со маслинки, рузмарин и лук (посно)

Мирисни и вкусни мини фокачи, подговени за ужинка или за оброк. А меки… меки како памук! Пробајте ги!
Состојки
🫒200 гр брашно
🫒120 мл млака вода
🫒1 лажичка сув квасец
🫒2 лажици маслиново масло
🫒1/2 лажичка шеќер
🫒1/2 лажичка сол
🫒маслиново масло за премачкување
🫒12 маслинки
🫒рузмарин, лук во гранули или ситно насечкан свеж лук

Подготовка

1. Квасецот растворете го со млака вода, лажичка брашно и 1/2 лажичка шеќер и оставете го да се активира. Потоа соединете го со брашното, солта, маслото и замесете тесто со остатокот од млаката вода. Оставете го да се дуплира.
2. Размесете го тестото и поделете го на 12 топчиња. Секое топче сплескајте го малку и ставете го во калап за мафини, претходно намрсен. Оставете ги да стасаат околу 10 минути.
3. Потоа во секое ставете по една маслинка, длабоко вгнездена за да кога ќе стаса тестото при печење не излезе од него. Со дршката од дрвена лажица притиснете го секое тестенце на повеќе места, можете и со прст да направите нежни дупчиња.
4. Со четка премачкајте го со маслиново масло секое топче и наросете лук и рузмарин.
5. Печете во загреана рерна на 220 степени до поруменување.
Забелешка
Откако ќе се испечат повторно премачкајте ги со маслиново масло. Така ќе бидат помеки и помирисни.
Оваа доза е за 12 мини фокачи.

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....