6.8 C
Скопје
00:33 - 26 април, 2024

НАШИТЕ СОГРАЃАНИ И СЕКСИ ШОПОВИТЕ, РАЗГОВОР СО СУЗАНА МИЛИЌ: Сексуалноста е единствената светла точка во овој период и многумина тоа сериозно го сфатија!

На наше задоволство разговараме со Сузана Милиќ од „Валијант“, сопственичка на секси шоп. Од неа дознаваме интересни податоци за сексуалните желби и предизвици на нашите сограѓани, но и тоа дека во екот на коронакризата, луѓето покажуваат се поголем интерес кон сексуалните активности. Аирлија!

Фото: Приватна архива

Дали луѓето доаѓаат сами или со партнери во вашите секси шопови и какви производи најчесто разгледуваат?

– Во зависност од тоа зошто и за кого се бара одреден производ таков е и настапот на клиентите. Некогаш е изненадување за годишница од брак, другпат е роденден…Тогаш најчесто доаѓаат „соло“ бидејќи сакаат да предизвикаат момент на изненадување. Многу често парови доаѓаат заедно со цел да одберат некој новитет со кој ќе се надмине монотонијта во врската, зеднички ќе експериментираат за најголемиот бенифит –  квалитетен сексуален живот. Желбите и побарувањата се индивудални, почнувајќи со интимни масажери, лисици, прстени и на крај верувале или не сè се сведува на неговото височество – Мулти функционален вибратор. За едните е новитет во партнерската врска, продолжена рака на партнерот, а за другите соодветна замена додека се во потрага по партнер.

Дали доаѓаат знаејќи што сакаат или претежно очекуваат препораки?

-Во денешно време пристапот до интернет, вебстрана, социјлни мрежи… многу поедноставно се функционира во сите аспекти не само кога станува збор за специјализирани продавници за возрасни. Многу подостапни алатки имаме на располгање за да добиеме соодветна информација, а тоа ги олеснува и изборот и онлајн продажбата, особено изминативе две години со пандемија. Сексуалноста е единствената светла точка во овој период и многумина тоа сериозно го сфатија.

Многу парови поминаа многу време дома, да не заборавиме дека имавме и „локдаун“, а зачувувањето на интимата е клучно во вакви ситуации, онаму каде што имаше поголема свесност имаше и реакција со реализација за зачувување на партнерките односи, од друга страна за жал многу врски се распаднаа. Во „Валијант“ секогаш сме достапни за сите консултации и пршања со клиентите без разлика дали нивниот избор ќе се сведе на купување во нашите продажни центри или онлајн. Кога почнавме со работа, пред 21 година, не постоеше можност за онлајн нарачки, тогаш испорачувавме каталози за клиентите да одберат соодветен производ. Но, без разлика на временската дистанца, секогаш посочувам дека многу подобро е изборот да се направи во живо бидејќи фотографиите не секогаш можат да го доловат тоа што окото го гледа во живо. Козметичките производи обично самите клиенти самостојно се информираат и знаат конкретно што бараат, а во однос на секси реквизитите скоро секогаш бараат препорака.

Фото: Приватна архива

Колку луѓето во Македонија се отворени за сексуални предизвици?

-Сексуални предизвици има многу, верувам дека луѓето ги забележуваат и ги практикуваат, меѓутоа нема јавно да говорат за тоа.

За некого ќе биде предизвик да усоврши некоја поза од Камасутра, за друг техника која ќе му помогне да реши проблем со предвремена ејакулација… на крај, секој совладан предизвик е индивидуален или партнерски успех.

 

За кои производи се најзаинтересирани вашите клиенти?

-Најчесто фразата ,,за поголемо задоволство‘’ e она како би ги дефинирала,  и тоа е сосема издржано и очекувано. Различен е фокусот кон тоа бидејќи не постои универзален производ за поголемо задоволство. Некој тоа може да го постигне со романтичн вечера, друг се фокусира на големината на половиот орган, трет на времетраење на односот… Така, мажите својот избор го сведуваат на пумпи и креми за зголемување на пенисот, спрееви и гелови за издржливост.. Жените се фокусираат на ерогени зони и чувства, затоа најчесто изборот се сведува на интимни масажери и стимултивни креми. Кога изборот треба да се сведе на некој реквизит од кој двајцата истовремено би имале поголемо здоволство, тогаш најчесто се одлучуват за вибрирачки прстен.

Кој почесто навраќа во секси-шоп, мажите или жените?

-Никогаш не сакав дискриминација и поделби по никој однос бидејќи постојат само личности со свои потреби и во различни периоди и околности се побројни родово едните или другите.

Мажите се држат повеќе за два за нив важни принципи, а тоа се сантиметри и издржливост. Жените пак се фокусираат на себе истражување, но и задоволување на партнерот.

Сепак не би можела да издвојам доминација на пол.

Има ли случки кога клиентите се „правдаат“ од старт дека не купуваат за нив туку за пријател?

-За среќа не е често. Такви изјави има најчесто за пријател за кој доаѓаат да купат и да му испратат, но и за пријател/ка кој/а не е во врска подолго време или има роденден, моминска забава и сл. Сепак, за кого и да се купува ние сме дискретни и професионални во тој аспект и нашиот приоритет е секогаш клиентите да се чувствуват удобно кога купуват, да знаат дека имаат загарантирана дискреција, дека ваквите специјализирани продавници го оправдуваат своето постоење.

Кои се светските трендови/новитети во индустријата на секси шопови?

-Секси индустријата константно излегува со нови пософистицирани производи. Фокусот е да бидат изработени од високо квалитетен медицински силикон кој овозможува пријатно чувство, едноставен начин за одржување хигиена, мултифунционални – стимулираат повеќе ерогени зони, аистовремено и имаат повеќе различни интензитети на вибрација, водоотпорни се, не користат батерии туку се полнат со USB  кабел и вибрацијата трае до два часа.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....