3.8 C
Скопје
16:53 - 27 декември, 2024

(ФОТО) НА БАЛКОН КАЈ ЦВЕТАНКА: Уметница која од 3 квадратни метри направила ремек дело!

Денес разговараме со Цветанка Белички, по професија текстилен инженер, ја сака облеката, модата, уредувањето, готвењето.

– Уметноста е нешто што ме следи цел живот. А најмногу од сè сакам кога луѓето ќе ги направам среќни и ќе ја добијам нивната искрена насмевка. Од неодамна работам на мојот бренд simple Du, почнав со проврезоци виножито, неколку аксесоари за најмалите (дека нивната насмевка е најискрена!) и полека, се надевам, дека ќе продолжам со изработка на облека, она и за кое се школував, вели нашата креативна соговорничка и уметница, Цветанка.

фото – приватна архива

Девојката со цветно име – Цветанка – отсекогаш била опркужена со цвеќиња.

– Тие отсекогаш биле мое опкружување. Уште од домот на моите родители, особено мајка ми која посебно ги сакаше. Со нејзе многу често знаев да се исконсултирам за некое цвеќе или билка. Пораснав во дом со сите можни овошни дрвја, кои на дедо ми му беа како посебни деца – со насмевка ни раскажува Цевтанка и продолжува – Тој е човек што имаше цели полици со литература за овошки. Често калемеше, па од едно стебло излегуваа две различни овошки. Како дете се тоа беше огромно чудење и воодушевување. Имавме неколку дрва со посебна сорта на слива, која беше многу сочна (сè уште го паметам тој вкус) , а до ден денес никаде ги немам сретнато.

Ја прашуваме, кој е одговорен за уредување на дворот, односно балконот?

-Можам да кажам дека скоро цел балкон е DIY , односно направен од мене и мојот партнер,  почнувајќи од подот, палетите за седење, перничињата, декорациите на ѕид, осветлувањето, до полиците за билки и зачини. Кога се преселивме во тој стан, вообичаено сите почнуваат со уредувањето на внатрешниот дел на домот, но ние првото нешто што го уредивме беше балконот – искрена е Цветанка.

До сега балконот има променето неколку изгледи, во зависност од сезоната.

 

Инаку балконот на нашата уметница е со скромна големина, 3 метри квадратни, но тоа покажува дека и мал простор може да се среди како ви бајка. Се наоѓа во скопската населба Козле, во непосредна близина на Австриска амбасада, на многу тивка улица, без многу возила, а сепак и не толку далеку од централното градско подрачје. Па така, вистинско уживање е  да се помине време за релаксација на овој преубав балкон.

На балконот доминираат билки и зачини кои секогаш се тука, но има и петунии и хризантеми, во зависност од периодот.

Колку време дневно бара посветеност оваа убавина?

– Додека живеевме во тој стан со самото тоа што секој ден поминувавме време на тој балкон тоа ни беше дел од уживањето и не го гледавме како специјална посветеност. Сега кога станот го изнајмуваме на странски туристи, во зависност од нивниот временски престој, бевме принудени малку да го промениме уредувањето, односно останаа само билките и зачините, нешто за кое е потребна посветеност. Понекогаш се случува и некој од гостите да знае да ги наводни, се смее Цветанка.

Вели дека омилено цвеќе нема некое конкретно зашто сè што е убаво и убаво се вклопува во просторот за неа е омилено. Сепак, омилени ѝ се билките и зачините.

– Сакам да готвам и многу често знам она што ќе го зготвам и да го декорирам, па порано за секое готвење кога ке ми требаше нешто мораше да набавувам зачини. Со одгледувањето на зачините се е многу полесно а и секогас свежо. Сега, откако станот се изнајмува, многу од гостите, посебно оние што остануваат подолг временски период, знаат да се послужат и да употребат некои од зачините, што ни е посебно драго. Убаво е чувството кога гледаме дека и тие се чувствуваат како дома, па макар тоа било на неколку дена, ни објаснува Цветанка.

Ја прашуваме како се грижи за растенијата во текот на зимата?

– Местоположбата на балконот е на северна страна, но досега секоја зима скоро па сите билки опстојуваат, им го намалуваме само наводнувањето, одговара таа.

За крај еве еден градинарски совет од Цветанка за оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња.

– Според мене секое цвеќе, билка, растение бара љубов. А во тоа околу начинот на одгледување, кога се сади, пресадува, колку се наводнува или прехрана…, во денешно време е многу лесно, дали самите производители, информациите кои се достапни онлајн,  особено групите како што е ДВОРЧЕТО. Овде секој што ќе побара совет, несебично и го добива, заклучува нашата соговорничка.

Инаку, Цветанка Белички е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

 

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Видео) Брз е како молња! Марија Шерифовиќ не може да го стигне синот Марио, видеото ги насмеа сите

Еспресо

Зад најубавата насмевка се крие голема тага: Убавата хрватска актерка се разведе, сопругот ги смени бравите од станот

Еспресо

(Видео) Аца Лукас повторно „плука“ по Северина: „Таа е будала“

Еспресо

Крагуевчани не ја сакаат Јелена Карлеуша: 14.000 луѓе потпишаа петиција против новогодишниот настап и му ја предадоа на градоналачникот

Еспресо

(Фото) Сопругата на Огњен Амиџиќ во завои! Водителката го повредила окото

Еспресо

(Видео) „Знаев дека е луд!“: Хрватски актер ја запроси партнерката среде претстава, нејзината реакција е урнебесна!

Еспресо
Се вчитува....