-2.2 C
Скопје
20:07 - 22 декември, 2024

КАКО СИ, КАДЕ ОДИШ?, го прашаа другарите од крушевските сокаци. – „Многу сум уморен, ноќва одам нагоре…” – одговори Тоше

Искрено и емотивно со Соња Алексоска Неделкоска, новинар и автор на книгата ,, Ова не е крај ” посветена на Тоше Проески.

фото – приватна архива

На Тоше не треба да се сеќаваме само на денот на неговиот роденден и на денот на неговото заминување кон ѕвездите. На неговиот лик и дело треба да се присетуваме постојано, затоа што тој го заслужува тоа.

– Кога се зборува за Тоше Проески и кога имате задача да напишете за животот и кариерата, пред сè треба да бидете искрени со себе. Секој измислен или лажен збор не прилега на неговотот дело, од причина што тој остави кариера чиста како солза, живееше кратко, но остави богатство, а преку своето постоење ширеше љубов, чесност и искреност – го започнува разговорот Соња, која во многу моменти од неговиот живот била сведок на сè што беше и правеше Тоше.

Тоше и Соња, фото – приватна архива

– И ден денес се сеќавам на миговите кога го сонував Тоше, времето ме газеше, книгата ја пишував три години, со голема подршка на семејството Проески, на кому сум многу благодарна што ми ја дадоа довербата и што ја имав честа да ја извршам оваа тешка и одговорна работа, да напишам книга за Тоше.

Во книгата свое сеќавање споделуваат повеќе од 80 соговорници, од Македонија и од странство.

– Во јавноста честопати може да се слушне реченицата ,, јас му бев најдобриот пријател на Тоше ” или ,,ние бевме само неколку најблиски луѓе на Тоше ” , тоа не е точно. Тоше имаше многу блиски луѓе од почетокот на својата кариера па сè до крајот. Со гордост можам да кажам дека јас бев една од најблиските новинарки на Тоше. Од самиот почеток на кариерата, тој често беше во нашиот дом, благодарение на соработката со мојот сопруг Огнен, и буквално јас го гледав како расте и созрева пред наши очи. Тоа се многу мигови и моменти во кои биле споделени тајни, но никогаш откриени пред другите – открива Соња.

Секој кој што имал прилика да го запознае Тоше, може да ви открие нешто ново за него. Тој беше олицетворение на искреност и хуманост, неговата насмевка ќе ве пречекаше секогаш кога ќе го довикневте.

По последното гостување во Македонија, тој замина на пат кон Загреб. Тогаш Тоше тргна по патот кој води кон ѕвездите. На 16ти Октомври ја загубивме нашата најголема ѕвезда.

– Тоа беше ден кога во црнина отидов на работа, го погребав мојот татко, за кој многу се борев, но изгубив. Седнав на своето биро, а по кратко време дојдоа колегите од рубриката Црна хроника, ме погледнаа, но истовремено не знаеа како да ми соопштат. Си помислив – Боже не можам повеќе за несреќи да слушам . Ми рекоа само ,, Соња, пристигна информација дека загинал Тоше Проески “. Станав, го отворив прозорот за да земам воздух и реков ,, тоа не е точно “. Но за жал таа информација беше потврдена – се сеќава Соња.

Велат дека, кога ќе загубиме некој кој ни бил особено драг и близок, неговиот дух ќе нè посети во облик на пеперутка.

– Да, тоа се случи, на денот кога отидовме на погреб, јас се тргнав на страна, зедов во рака шише со вода. На моето шише слета една прекрасна пеперутка, со прекрасни бои, виолетова, розева, жолта, зелена, замислете во месец октомври во Крушево. Но јас веќе си реков дека за Тоше никогаш нема да напишам ни една реченица. Но како велат никогаш не вели никогаш, тоа се случи и кај мене. Две недели по неговото заминување, еден ден бев во полусонлива состојба. Почувствував како да ми слета птица на рамото, но сонот ќе те претрка. Ми се појави неговиот лик, ме праша ,, зошто не пишуваш за мене?”. Јас му одговорив, затоа што повеќе го нема. Но тој ми рече дека и после него треба да пишувам за него. Но не знаев како да почнам. А тој ми рече: – Почни со желбата да станам светска ѕвезда…Пишувај често и убаво…- Има некоја поврзаност помеѓу мене и него, тој на небото јас на земјата – ни открива Соња.

Да се напише книга за животот и делото на Тоше, за неговиот лик и кариера, претставува голема одговорност, а Соња предизвикот го почувствувала на самиот крај, кога требала да ја заврши книгата.

– Паднав како ранет војник и му се обратив него, го замолив за одговор како да ја завршам книгата. Неговиот одговор беше – немој само да напишеш дека мене повеќе ме нема. И тоа е крајот всушност на книгата. Тоше е присутен се уште и ќе биде додека се пеат неговите песни. Криво ми е што не дочека да го слушне Кристијан, неговиот внук, како пее на концерти.

Тоше беше искрен кон својата публика, бесконечно ја даруваше својата љубов и на знајни и незнајни. Тој живееше да излезе на сцената и да пее за нас, тој живееше за да прави добри дела…Тој живееше премногу кратко помеѓу нас, но долго ќе живее во нашите срца, затоа што Тоше не сакаше сите!

фото – приватна архива

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....