-3.2 C
Скопје
21:12 - 22 декември, 2024

ИДЕЈА ЗА ИДИЛИЧЕН ЕСЕНСКИ ВИКЕНД: „Кутмичевица“ е лулка на нашата традиција, која се негува од дамнина

Пробајте од домашната лозова ракија, која е наградувана со злато на меѓународни фестивали, од познатото црвено вино произведено од сопствени винови насади, домашно подготвените луканци и меленото месо, питите, од производите од вевчанските домаќинства…

фото-приватна архива

Сместено на падините на планината Јабланица, на надморска височина од 900 метри, раширено сè до Охридско-струшкото поле, Вевчани е божествена убавина во која Бог кога давал, дал отповеќе, и оставил да уживаме во секој детаљ од неговата раскош. Вевчани има толку голема приказна, која не ти дозволува да си заминеш, а да не ја почувствуваш.

Денес ќе ја раскажеме таа од Горна Мала, од прекрасната „Кутмичевица“. Пансионот „Кутмичевица“ е местото што не смеете да го одминете кога сте во посета на Вевчани и околината. Од таму ни доаѓаат многу приказни, незаборавно убави моменти на кои луѓето постојано се навраќаат. Пансионот е пуштен во употреба на 11 јануари 2006 година и оттогаш па сè до денес е синоним за вистинско гастрономско уживање и квалитет.

Сместен е во реставрирана куќа стара повеќе од 200 години, во која, според раскажувањата на Вевчанци, се служела храна за мајсторите кои во 1830-тите години работеле на изградба на главната црква „Св. Никола“. Токму тие мигови се сметаат за почетоци на угостителската дејност во оваа семејна куќа, која сега претставува споменик на неискоренетата култура, далеку познатата и автентична вевчанска архитектура и од каде што се пружа најубавиот поглед кон околната природа, Охридското Езеро, Струшкото поле, па сè до врвот Пелистер.

Освен специфичниот, традиционален амбиент, она што ја издвојува „Кутмичевица“ е богатото мени составено од сопствено одгледани производи од овошје и зеленчук, домашна лозова ракија, која е наградувана со злато на неколку меѓународни фестивали, познатото црвено вино произведено од сопствени винови насади, домашно спремени луканци и мелено месо, пити, како и производи од вевчанските домаќинства, со кои се унапредува локалната соработка и истовремено се поддржуваат малите, семејни бизниси.

Токму поради ваквата богата понуда на домашни еко-производи и локални, вевчански специјалитети, „Кутмичевица“ неодамна стана дел од познатата „Слоуфуд“ (Slowfood) организација, која своите принципи ги темели на локални и сезонски производи и вклучува места кои рефлектираат исклучиво локални вкусови и квалитет, места што служат храна позната по нивната вредност и верност кон традицијата.

Го прашавме популарниот блогер за храна, шеф Попоски Бранко, вевчанец „со тапија“, познат како „Готвиме со Бранко“ (Cooking With Branko), како би го опишал „Пансион Кутмичевица“ и зошто секој мора да го посети ова место кога оди во Вевчани.

-После дома, „Пансион Кутмичевица“ е тоа што ми недостига. Вкусната традиционална храна, убавата македонска музика, вевчанското вино и пријателите се нешто што останува. Нешто што не ти дозволува, а да не се сетиш на момент на сето она што ти ја полни душата со убајни. „Кутмичевица“ е извор на неверојатни гастрономски искуства. Тој е лулка на нашата традиција, која се негува од дамнина. Доволно е да дојдете во Вевчани и да се разбудите во „Кутмичевица“. Останатото оставете го на тимот кој повеќе од 15 години го нуди и се стреми кон најдоброто. Дојдете во Вевчани, дишете длабоко, препуштете се на уживање, телото нека ви биде благодарно. Пансион „Кутмичевица“ е местото каде што сонцето ја грејт душата – порачува шеф Бранко.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО-ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....