2.8 C
Скопје
20:58 - 28 февруари, 2026

(ФОТО)БЕШЕ ВО ПРЕТСМРТЕН ГРЧ, А СЕГА УЖИВА ВО АНГЛИЈА: Маја Поповска нѝ ја раскажува животната приказна на Мохито

Активистката Маја Поповска цели 12 години се занимава со спасување, лекување и вдомување на улични мачки, од 2014 година го раководи нејзиното здружение „Енџелкетс санктуари“ (Angelcats Sanctuary) со седиште во сопствениот дом, каде што секојдневно престојуваат меѓу дваесет и триесет мачки, а понекогаш, на одредено време и по некое куче.

Овојпат оваа спасителка на хендикепирани животни ни ја раскажува приказната за мачката Мохито.

– Мохито, кога ја земав в раце, мало, обесено безживотно телце, изедено од болви, гној течеше од очите… Во автомобил накај дома мислевме дека тоа е тоа, доцна стасавме… Надвор беше нешто помалку од 40 степени. Датум – 14 јуни, 2020. Мохито, веќе беше во претсмртен грч, кога ѝ давав инфузија поткожно, неколку секунди по влегување дома, ни ја раскажува Маја потресната приказна за тогаш кутрото маченце.

Благодарение на одличното познавање на медицината и искуството со миленичиња, Маја ѝ дала физиолоски раствор, нежно масирајќи ја по шепите.

– Ја оставив на меко, кај мене во спалната соба. Ако умира, а изгледа ќе умира, барем да биде во мир. Влегов во соба да ја проверам по половина час. Станата е на нозе! Леле! – се сеќава Маја. 

После еден месец Мохито, откако ѝ биле исчистени сите болви, се поправила.

– Непцата ѝ станаа розеви, а и беа бели, зашто немаше крв во себе. Едното окце – чисто како солза, другото, и покрај редовно мачкање, капки, чистење, сè уште беше крваво.., вели Маја и додава:

Мохито по два месеци, уживаше на сончевата тераса со другарите. Сега е веќе стерилизирана, а претходно уредно вакцинирана, си доби и чип и пасош за подобар живот. Мохито стаса во декември 2020 во својот сопствен дом во Англија и ужива растегната на троседот.

ФОТО ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Хана Хуљиќ објави ретка фотографија со сопругот Петар Грашо

Е.А.

(Фото) Ќерката на Чолиќ ја напушти Србија откако беше фрлена бомба врз нивниот дом: Еве што прави Лара на патувањето

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ се сврши: Рале ја запроси облечен во гаќи

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во топлес издание, ќерката на Харис позираше провокативно во црна танга

Еспресо

Хороскоп за 28 февруари: Биковите треба да ги изразат чувствата, Скорпиите ги очекува добар ден за комуникација

Еспресо

Гога Секулиќ во тага за својот роденден: Пејачката се огласи, еве што порача

Еспресо
Се вчитува....