03:41 - 15 декември, 2025

(ФОТО)БЕШЕ ВО ПРЕТСМРТЕН ГРЧ, А СЕГА УЖИВА ВО АНГЛИЈА: Маја Поповска нѝ ја раскажува животната приказна на Мохито

Активистката Маја Поповска цели 12 години се занимава со спасување, лекување и вдомување на улични мачки, од 2014 година го раководи нејзиното здружение „Енџелкетс санктуари“ (Angelcats Sanctuary) со седиште во сопствениот дом, каде што секојдневно престојуваат меѓу дваесет и триесет мачки, а понекогаш, на одредено време и по некое куче.

Овојпат оваа спасителка на хендикепирани животни ни ја раскажува приказната за мачката Мохито.

– Мохито, кога ја земав в раце, мало, обесено безживотно телце, изедено од болви, гној течеше од очите… Во автомобил накај дома мислевме дека тоа е тоа, доцна стасавме… Надвор беше нешто помалку од 40 степени. Датум – 14 јуни, 2020. Мохито, веќе беше во претсмртен грч, кога ѝ давав инфузија поткожно, неколку секунди по влегување дома, ни ја раскажува Маја потресната приказна за тогаш кутрото маченце.

Благодарение на одличното познавање на медицината и искуството со миленичиња, Маја ѝ дала физиолоски раствор, нежно масирајќи ја по шепите.

– Ја оставив на меко, кај мене во спалната соба. Ако умира, а изгледа ќе умира, барем да биде во мир. Влегов во соба да ја проверам по половина час. Станата е на нозе! Леле! – се сеќава Маја. 

После еден месец Мохито, откако ѝ биле исчистени сите болви, се поправила.

– Непцата ѝ станаа розеви, а и беа бели, зашто немаше крв во себе. Едното окце – чисто како солза, другото, и покрај редовно мачкање, капки, чистење, сè уште беше крваво.., вели Маја и додава:

Мохито по два месеци, уживаше на сончевата тераса со другарите. Сега е веќе стерилизирана, а претходно уредно вакцинирана, си доби и чип и пасош за подобар живот. Мохито стаса во декември 2020 во својот сопствен дом во Англија и ужива растегната на троседот.

ФОТО ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо

Ана Николиќ е во емоционална и финансиска криза: Раста нема намера да ѝ помогне

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ веќе прави палавштини: Баба Верица го брани на свој начин

Еспресо
Се вчитува....