20.8 C
Скопје
16:19 - 12 март, 2026

(ФОТО) УБАВИЦИТЕ НА ДАФИНА: Делчево мириса на цветен парфем поради ова дворче

Денес наша соговорничка е госпоѓа Ѓоргиева Христева Дафина, по професија, како што вели, работничка. Дека Дафина е супервредна работничка се отсликува и на нејзиното дворче. 

Дворот се наоѓа во Делчево и веруваме дека градот, благодарение на овие прекрасни цвеќиња, мириса на цветен парфем.

– Со одлегување на цвеќе се занимавам од мали нозе. Татко ми, покоен, беше голем љубител на цвеќина и од него ја наследив страста кон негата на убав двор. Лично јас го одгледувам дворот, со мала помош од сопругот, ни раскажува Дафина.

Дафина вели дека нејзиниот двор не е голем, но доколку би имала поголем двор, би имала уште повеќе цвеќиња! Но, ако „фрлите“ поглед на нејзината „колекција“ од цвеќе, просто ќе се зачудите дали воопшто може од ова да се има повеќе. Ние, останавме без здив!

– Сите цвеќиња се прекрасни, штом се вратам од работа сосема им се посветувам на моите цвеќиња. Имам над 150 китки, ги сакам и сарделите, некои цвеќиња ги чувам дома, други во подрумската просторија која е соодветно осветлена, објаснува Дафина. 

Инаку, Дафина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО… група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Браво за Дафина! Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од нејзините убавици. 

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin
Се вчитува....