14.8 C
Скопје
17:34 - 13 март, 2026

ФОТО СТОРИЈА: Цвеќето и везовите на Милица Васиљковиќ-Николиќ имаат заедничка нитка – љубов и посветеност

Денес разговараме со Милица Васиљковиќ-Николиќ, хемиски техничар, која подолго време се бави со одгледување на цвеќиња за бавча, додека на собните цвеќиња е посветена во последниве пет-шест години.

Но тоа што ја прави посебна оваа цветна дама е и љубовта кон гоблените, на кои често доминираат цветните мотиви.

– Дворот го средуваме јас и сестра ми. Овој во Скопје не е многу голем, но затоа пак, дворот во Село, кадешто имаме семејна викендичка располага со 700 квадратни метри – објаснува Милица.
Во дворовите на Мими доминираат криновите, сончогледите, розите во најразлични бои и нијанси…, додека во домашна атмосфера тука се преубавите собни цвеќиња – од хибискуси до хоји, орхидеи и ретки филадендрони. 
Вели дека секојдневно им посветува доволно време на своите убавици, особено на собните кои секојдневно ги конторлира и со кои секојдневно се дружи. А омилено цвеќе ѝ е хибискусот бидејќи – „мајка ми ги сакаше и ме подсетуваат на неа“.
Ја прашуваме нашата соговорничка за совет кој би го споделила со оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќе, а таа ни одговара:
 
– Мој совет е да внесат живот во домот за никогаш да не паднат во депресија, особено во ова време на коронакриза. Нека изберат цвеќе по свој вкус и нека прочитаат на „гугл“ за секое цвеќе како се одгледува. Јас ги сакам ретките цвекиња.
И љубовта кон везењето, Мими ја наследила од мајка си, а нејзините гоблени и милјеа, дел од нив изработени со мајка ѝ, навистина заслужуваат посебно внимание.

Инаку, Милица е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova
Се вчитува....