21:33 - 4 април, 2026

(Фото) Сара Џесика Паркер ја посвои мачката на Кери Бредшо од продолжението „Сексот и градот“

Сара Џесика Паркер ја посвои мачката на Кери Бредшо од продолжението на култната серија „Сексот и градот“, „И, едноставно, така“.

58-годишната актерка, која ја портретира Кери во новото поглавје на „Сексот и градот“, се огласи на социјалните мрежи за да открие дека ја посвоила Шу.

Покрај видеоклипови и фотографии на Шу, што ги сподели на својот „Инстаграм“, Сара, која е во брак со актерот Метју Бродерик, напиша: „Неговото име надвор од камерите е Лотус. Тој и неговите браќа и сестри добија ботанички имиња кога беа спасени како новороденчиња од страна на „cthumanesociety“.

„Официјално усвоен од семејството Паркер/Бродерик во април 2023 година, тој им се придружува на Реми и Смили, кои ги посвоивме во мај 2022 година“.

Шу дојде на снимање на серијата директно од „Конектикат хуман сосајати“, а засолништето веќе откри некои дополнителни детали за посвојувањето.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....