18.8 C
Скопје
16:13 - 11 март, 2026

(ФОТО) МИНУС 11 КГ:Еве како прилепчанката Билјана се транформираше во топ модел

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ на чекор до есента.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма во пресрет на есента. А, некои веќе успеаа во тоа! 

Таков е примерот со Билјана Китановска.

– Слабееме за здравје, точно, но слабееме и за изглед, посебно кога изгледот треба да ни е репрезентативен. Посебно кога преку нашата професија учиме други како правилно да чекорат низ животот и нивните очи се вперени во нас. Посебно кога тие очи се оние најмалите и го сметаат за правилно само тоа што го гледаат пред нив…, вели Елена и ни ја раскажува успешната приказна за Билјана:
– Билјана Китаноска е една убава учителка која вежбаше кај мене порано и изгледаше прекрасно. Потоа ја снема и се врати како на првата фотографија (се смее,н.з). Не се мачев со неа воопшто, не само што беше дисциплинирана до максимум, туку уживаше во сите оброци и секоја нова листа ја примаше со воодушевување.
Билјана пред и потоа, фото – приватна архива
Резултатот што го гледате го постигнале за 16 недели, потоа Билјана продолжила уште некое време за да ги зацврсти навиките -најважниот дел!
– 11 килограми минус, останатите мерки погледнете ги во коментар под постот, фантастични се.
Биле, браво жено, ме направи горда и ти благодарам за сите овие прекрасни месеци со тебе.
Следно се гледаме во сала, плочките да ги најдиме кај се, радосна е инструкторката.

Слични објави

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin
Се вчитува....