02:43 - 7 април, 2026

(ФОТО) ИРЕНА ШИРИ РАДОСТ И ВО ГРЦИЈА: Дизајнираше „близначка“ кукличка за бабичка

Дизајнерката на кукли, Ирена Трпеска, е омилена меѓу дечињата, особено меѓу оние кои веќе имаат плетена кукличка изработена според сопствениот модел – со исти очиња, носе, коса, облека …па дури и очила, доколку ги носат, односно кукличките на Ирена се „фотокопии“ на изгледот на нарачателот – детенце.

За изработка на кукли, Ирена користи памучни конци за телото и за облеката, волница и акрилни конци за косата и за некои додатоци, а полнењето е силиконско. За изработката на облеката и модните додатоци на куклите пак, користи тул, тантела, филц, пластични и дрвени копчиња, сатенски ленти, бисери, бои за текстил… Времето за изработка на една кукла секогаш зависи од тоа колку е комплицирана куклата, колку парчиња облека има, колку додатоци…

И дотука приказната е навидум „обична“. Необичноста пак, дизајнерката ја најави со радост:

– После мноогу порачки на кукли од баби за своите сакани внуки, добив порачка да изработам кукла што ќе личи на саканата баба!  Верувам дека оваа госпоѓа ќе го добие најубавиот и најуникатниот подарок од својата внука. Куклата прво ќе ја пратиме во Битола а потоа ќе отпатува преку граница и добив ветување дека ќе добијам слика од бабата и кукличката, рече неодамна радосната Ирена, благодарна за довербата и интересната порачка, која ѝ била предизвик, бидејќи првпат плете баба.
Речено-стрено! И тоа сторено многу професионално.
Така, кукличката отпатува во соседна Грција и пристигна – во вистински раце.
Разнежнети од оваа убава приказна на дизајнерката Ирена, ја исконтактиравме Слободанка Павлова, која во приказнава е нарачателка на кукличката, односно „изненадувачката“.
Слободанка Павлова, фото – приватна архива
– Идеја за куклата добив кога бабата виде кукла што ја порачав за другарка ми и многу се израдува, па прашав дали може да направат и кукла за бабата, без бабата да знае, искрена е Слободнака и додава – Кога ѝ ја однесов куклата ја гушкаше и рече дека многу личи на неа.
Во продолжение, „фрлете“ поглед на среќаната госпоѓа и кукличката, и сами заклучете колку си личат и за какво радосно изненадување станува збор. 
ФОТОГРАФИИ – Приватна архива

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....