05:34 - 5 април, 2026

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

„Зум“, компанијата за видеокомуникации, која ја почна револуцијата за работа на далечина во текот на пандемијата, им порача на своите вработени да се вратат во канцелариите, пренесува Си-ен-ен.

Неколку американски медиуми пишуваат дека „Зум“ се издигна на нови височини кога станува збор за работа на далечина во екот на пандемијата кога многу луѓе почнаа да користат платформи за видеоконференции од дома.

Сега, компанијата со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, сака своите вработени да ги врати во канцеларија приклучувајќи се на сѐ поголем број компании во Америка, кои воведуваат мандати за враќање.

Во соопштението до вработените се наведува дека структурираниот хибриден пристап е најефективен и дека луѓето што живеат до 80 километри од канцеларијата треба да работат во просториите на компанијата најмалку двапати неделно.

„Ќе продолжиме да ја користиме целата наша платформа со цел вработените и дисперзираните тимови да бидат поврзани и да бидат ефективни“, додаваат од компанијата.

Нарекувајќи го хибридниот пристап најефективен за „Зум“, портпаролот на компанијата изјави во вторникот за „Ју-ес-еј тудеј“ дека вработените што живеат во близина на канцеларија мора да доаѓаат на работа најмалку двапати неделно

„Амазон“ и „Дизни“ се меѓу компаниите што ги намалија работните денови на далечина.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....