10:24 - 14 ноември, 2026

Момци со среќа! Овие хороскопски знаци се предизвик за освојување

unsplash

Секоја жена има свои принципи и замисли кога е во прашање изборот на партнер. Некои веднаш се согласуваат на љубовен состанок, додека пак други се навистина тешки за освојување. Ви ги претставуваме знаците со кои мажите скоро секогаш имаат проблеми.

Вага
Апсолутно е невозможно да ја освоите Вагата без збир на „основни особини“ – одлично воспитување, развиено чувство за убави работи, харизма. Исто така, мажот кој сака да ја шармира Вагата не смее да биде ист како сите нејзини досадни додворувачи. Мора да се издвојува по нешто. Мажот кој има намера да ја освои оваа убавица мора да стои под нејзиниот балкон и да чека таа да одлучи дали воопшто ѝ е потребен или не. Овој маж најпрво би требало да обрне внимание на пепелта од неговиот претходник, кој „починал“ токму на истото место од старост.

Близнаци
Жената Близнак е подготвена за подлабоки односи само доколку е искрено заинтересирана. Мажот би можел да ја освои со разговор и занимливи теми. Потребен ѝ е елоквентен маж кој во разговорите ќе вклучи сарказам, цинизам и црн хумор. А, потоа таа, секако, ќе одлучи дали е доволно добар за неа.

Водолија
Овие дами навистина сакаат да излегуваат со додворувачите на љубовни состаноци, да одат во кино, на прошетка, да се смеат на шеги. Сето ова е целосно искрено и нема ниту најмали лаги меѓу нив. Меѓутоа и после сето ова таа нема да сака да спие со мажот, сѐ додека не ја здобие неговата доверба.

Јарец
Дури и ако на чинија ѝ донесете глава од змеј, оваа принцеза нема лесно да ви ја даде својата рака. Оваа жена сака сериозна врска, нешто во стилот на бајките „И тие живееја среќно до крајот на животот.“

Риби
Жените Риби се многу студени, промислени, заљубени во себе и изгледаат како да не се од овој свет. Значи, мажот мора некако посебно да ги освои, но како точно – никој не знае. Доколку се заинтересира, жената Риби ќе излезе со мажот на љубовен состанок, но сосема е можно дека ќе замавне со својата опашка и ќе исчезне во океанот. Рибите сакаат да си играат со своите чувства, како мачката со глушецот и тоа е нивната омилена активност.

Слични објави

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо
Се вчитува....