Животот полека почнува да се враќа во нормала за жителите на Вухан, кинескиот град каде првпат беше регистриран новиот коронавирусот и кој беше затворен 76 дена, а паровите чија врска опстана за време на карантинот, тоа го прославуваат на совршен начин – со венчавка, пишува Си-Ен-Ен.
Според официјалните податоци, барањата за венчавка се зголемиле за 300 отсто во однос на претходниот период.
Властите на Вухан официјално ја отвориле матичната служба за венчавање минатиот петок, но првите венчавки се направени на почетокот на оваа недела.
Сепак, се додава дека по долгиот период на изолација се очекува и пораст на разводи.
The post Животот во Вухан се враќа во нормала: Барањата за венчавки зголемени за 300 отсто appeared first on Слободен печат.