7.8 C
Скопје
08:48 - 31 март, 2026

Заврши куќниот притвор за Ламбе Алабаковски: Како мерка на претпазливост одземен му е пасошот на пејачот

Поп пејачот Ламбе Алабаковски, кој беше во куќен притвор, од денеска е на слобода, но нему му е одземена патната исправа, како мерка на претпазливост. Вака одлучи Кривичниот совет на  Основниот суд во Битола, потврди за Телма адвокатот на Алабаковски,  Дарко Стефановски.  Тој е осмничен  за подметнување на пожарот во Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, а според полицијата Алабаковски го признал делото.


Настанот се случи на 4 јуни, во раните утрински часови кога Алабаковски со бензин го запали влезот на Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов” по што изгоре влезната врата на објектот. Првично му беше одреден 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД  каде живееше до неодамна. Ламбе гони за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години, пренесува Телма.


Некогашната тинејџерска музичка ѕвезда Ламбе Алабаковски, по неколку години живот во Америка, заедно со својата сопруга Магдалена и синовите Михаил и Димитриј одлучи повторно да се врати во Македонија во родната Битола. Пејачот повторно во фокусот на вниманието, но не поради неговата музика.

Алабаковски доби огромна поддршка на социјалните мрежи, беа организирани простести за негово ослободување или олеснување на казната која се предвидува.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....