7.8 C
Скопје
06:45 - 27 април, 2024

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ВО ПАНИКА: Дилер на дрога кој дошол од Тајланд колабирал во затворот, се сомневаат дека причината е коронавирусот

Британец кој е осомничен за трговија на дрога го привлече вниманието на островските медиуми бидејќи се претпоставува дека можеби го донел коронавирусот во еден затвор во Велика Британија.

Марк Рамбл (31) бил пренесен од Тајланд во Велика Британија на 27 јануари, заради сомнение дека продавал дрога во земјата, наведува Сан.

Неколку дена подоцна, тој се онесвестил во затворот Булингдон, а бидејќи дошол од подрачје кое е зафатено со тој вирус, настанала општа паника меѓу затворениците, но и стражарите.

Според наведувањата на медиумите, цело крило на тој затвор е ставено под блокада, а два затвореници се тестирани за тој вирус. Резултатите би требало за брзо да бидат познати.

– Затворот е во паника бидејќи едно лице колабирало на подот. Неколку стотици затвореници во тоа крило се во блокада, и не им е дозволено да ги напуштаат ќелиите, вели неименуван извор за Сан.

Тајланд до сега има 33 потврдени случаи на коронавирус, а првиот е регистриран на 13 јануари, две недели пред Рамбл да се врати.

The post ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ВО ПАНИКА: Дилер на дрога кој дошол од Тајланд колабирал во затворот, се сомневаат дека причината е коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....