23:32 - 22 декември, 2024

Зариф: Европа му го продаде иранскиот нуклеарен договор на Трамп

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека Велика Британија, Франција и Германија го „продале остатокот” од иранскиот нуклеарен договор (Заеднички сеопфатен план за дејствување) во замена за ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да неметне царини на европските автомобили, пренесе Тасс.

„Европската тројка ги продаде остатоците од договорот за да ги избегне новите санкции на Трамп. Тој нема да застане, на тој начин само ќе ги раздразните неговите апетити”, искоментира Зариф на Твитер.

„Доколку сакате да ја продадете својата чест, продолжете. Но тоа не го кријте зад висок морал и правна ситуација. Не располагате со таква”, додаде Зариф.

Неговите коментари доаѓаат откако во американскиот весник „Вашингтон Пост” беше објавен напис во кој се тврди дека Трамп им се заканил на трите земји дека на нивните европски автомобили ќе наметне царина во висина од 25 отсто доколку тие не го обвинат Иран дека го прекршува договорот.

Според весникот, предупредувањето кон нив било упатено уште на 12 јануари, а два дена подоцна земјите го активираа механизмот за разрешување на споровите во рамки на нуклеарниот договор.

Еден од изворите, на кои се повикува весникот, овој чекор на САД го нарече „изнудување”.

Иднината на договорот беше ставена под прашање откако во 2018 година САД еднострано го напуштија и Вашингтон наметна санкции против Техеран во областа на извозот на нафта.

Според Иран, останатите учесници, главно европските земји, исто така не се придржуваат целосно кон своите обврски од договорот во делот на економијата, така што во сегашната негова форма тој нема никаква смисла.

The post Зариф: Европа му го продаде иранскиот нуклеарен договор на Трамп appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....