14.1 C
Скопје
19:57 - 3 мај, 2024

Заев: Просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза

Зголемување од 8,5 отсто на просечната плата е забележано во јули оваа година во споредба со истиот месец минатата година, напиша денеска на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, напоменуваќи дека просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јули изнесувала 27.231 денар, и е зголемена за 2.127 денари. Ова се должи на зголемувањето на платите во образованието и здравството во изминатава година, како и на ефикасните антикризни мерки во време на пандемија, наведе Заев во статусот.

Нагласи дека Владата создава рамка која ќе овозможи платите и пензиите да продолжат да растат, а граѓаните да имаат поголема куповна моќ.

-Да обезбедиме подобар животен стандард и да ја намалуваме невработеноста.
Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, со тоа придонесеме во вкупниот раст на економијата. Економија, која е подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.

The post Заев: Просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза appeared first on Слободен печат.


Заев: Просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза was first posted on септември 22, 2020 at 10:50 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....