4.8 C
Скопје
22:47 - 18 април, 2024

Заев најави ревизија на пет проценти на судските предмети: Кој ќе го прави изборот?

Најавата од експозето на премиерот Зоран Заев за ревизија на 5 проценти од сите судски предмети по случаен избор останува да лебди без да се откриваат повеќе детали. Засега е нејасно како ќе се одвива самиот избор на предмети, но и кој ќе  ги „влече“ предметите по случаен избор. Од Министерството за правда нема одговор која институција ќе биде задолжена да трага по евентуалните недоследности во донесените судски пресуди.

Според претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити, најпрвин треба да се разграничи дали избраните предмети само ќе се преиспитуваат и ќе се отвора предмет за повторување на постапката или ако конкретно се цели кон проверка на судиите, кој ќе го вперува прстот кон судиите. Саити додава дека Здружението настојува да се подобри генералната слика кај граѓаните за работата на судиите, па затоа и биле на иста линија со дел од заложбите за реформи што ги покрена Владата, како што е т.н. „мал ветинг“, односно проверката на имотниот статус на судиите од страна на Државната комисија за спречување корупција, додавајќи дека процесот на ревизија на предмети е интересен, но мора да се спроведува со посебна внимателност.

– Не е се уште јасно кое тело или институција ќе биде носител на процесот. Најблиску се наметнува Судскиот совет, но сепак Судскиот совет не може да биде суд. Во меѓувреме, доколку од процесот се очекува чистка во редовите на судиите, морам да напоменам дека со новите законски решенија, основите за разрешување на судиите значително се намалија. Не може да се разреши судија поради донесена судска одлука, бидејќи тој има право на сопствено судијско убедување, но од друга страна постапка за разрешување може да се покрене поради прекршување на процесните правила – изјави Саити за Слободен печат, заклучувајќи дека очекува Владата да ги консултира за ревизијата.

Претседателот на Здружението на судии нагласи дека за него во моментов е симптоматично прашањето дали ќе има и повторување на судските постапки, за оние предмети за кои сега е веќе утврдено дека не биле распределени преку АКМИС – системот, туку биле давани на рака.

За процесот на ревизија на судските одлуки властите веројатно се уште не побарале мислење ниту од граѓанскиот сектор.

Никола Јовановски од Центарот за правни истражувања и анализи, оцени дека Владата ќе мора да ги консултира најзначајните судски институции, бидејќи токму тие се најкомпетентни за еден ваков потег, но не очекува тоа да се случи скоро, бидејќи, како што вели, кабинетот на Илинденска се уште е во фаза на докомплетирање. Тој одговори дека е очекувано судиите ваквата најава да ја окарактеризираат како мешање на извршната во судската власт, што претходно било пример и со обидот за ветинг во правосудството.

– Правосудните органи мора да работат на терен за подобрување на сликата за нивната работа. Треба да ги промовираат добрите практики, бидејќи јавноста ги познава само оние случаи кои се медиумски популаризирани. Меѓународните фактори оценуваат дека состојбата во судството е подобрена, но граѓаните имаат друга перцепција“, вели Јовановски.

Инаку, ревизијата на предмети е само дел од новата владина програма, каде акцентот за новиот четиригодишен мандат е ставен на економијата, но и правосудството. Најавено е и разрешување на судии, доколку се докаже дека свесно и намерно застарувале предмети, како и завршница на случаите покренати од Специјалното јавно обвинителство, кои, како што оценува премиерот Заев, талкаат низ судските лавиринти.

The post Заев најави ревизија на пет проценти на судските предмети: Кој ќе го прави изборот? appeared first on Слободен печат.


Заев најави ревизија на пет проценти на судските предмети: Кој ќе го прави изборот? was first posted on септември 3, 2020 at 8:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....