-3.2 C
Скопје
23:48 - 22 декември, 2024

Заев најави пакет од 500 милиони евра, фирмите составуваат список на желби

Поттикнување на домашната потрошувачка со директна финансиска помош на одредени категории на граѓани за купување домашни производи, стимулирање на летување дома, јакнење на инвестициските проекти, унапредување на ИТ секторот и земјоделството преку градење откупни пунктови, предвидува третиот пакет економски мерки.

Најавата за овој пакет е речиси идентична и од лидерот на СДСМ Зоран Заев и од министерката за финансии Нина Ангеловска, со тоа што според Заев, третиот пакет значи внесување на 500 милиони евра во економијата, а Ангеловска не зборува за паричниот износ.

Додека ден по ден се открива контурата на третиот пакет, фирмите пак,  составуваат списоци на желби.

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) очекува во третиот пакет да има пари и за фирмите. Оттаму велат дека и по мај требаат пари за ликвидност и очекуваат финансиска помош од државата, но и поголем износ на бескаматни кредити.

– Веќе е јасно дека состојбата нема да се нормализира со завршувањето на мај. Затоа е неопходна финансиска помош на компаниите, барем уште летово, односно до почетокот на третиот квартал. Добор е да се продолжи со финансиската помош од 14.500 денари за вработен, или, ако не можат да се обебедат доволно пари со некој помал износ и да не се прави разлика помеѓу сектори. Исто така, гледаме дека износот на бескаматни кредити не е доволен и треба да се обезбедат такви кредити – вели претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Занаетчиите  бараат додека трае кризата државата да им дава минимална плата, заедно со придонесите и тие пари да немаат обврска да ги вратат. Исто така, тие бараат посебна кредитна линија само за нив. Занаетчиската комора има околу 8.000 регистрирани членови. Според министерот за економија Крешник Бектеши барањата на занаетчиите се оправдани и може да се најдат во третиот сет на економски мерки.

Од туристичкиот и угостителскиот сектор во кој има повеќе од 35.000 вработени, најавија дека ќе водат позитивна кампања за равој домашните капацитети, но се пожалија дека новите протоколи им наметнуваат огромни трошоци па побараа државата да им дава пари за средствата за дезинфекција и заштитна опрема. Според Групацијарта на угостители, за еден посериозен објект, на дневна основа за вакви средства ќе бидат потребни и по 3.000 денари. Но, оваа изјава го разлути премиерот Спасовски кој рече дека угостителите мислат само на себе, а се што побарале до сега им било дадено.

Но, колку и што може од списокот на желби да се најде во третиот пакет?

Според најaвите, овој пакет е во насока на заживување на економијата, односно место директна финасиска помош за фирмите, како што беше предвидено во претходните два пакета, сега има помош на граѓаните за да трошат пари.

– Преку финансиска поддршка на граѓаните, ќе се поддржи и македонското производство. Мерките се така таргетирани со цел да го амортизираат економскиот удар, да понудат стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда, домашните компании. Зборуваме за домашни производи и услуги, мораме да имаме предвид дека меѓу погодените сектори се и голем дел од услужните сектори. Ако ја погледнете нашата структура на бруто домашен производ, околу 65 отсто придонесува приватната потрошувачка – рече министерката за финансии Нина Ангеловска во гостувањето на емисијата „Економски магазин“.

Заев пак беше гостин во „Топ тема“ на Телма и таму ги објасни трите димензии на пакетот што го предлага партијата.

– Првата димензија е да ја стимулираме приватната потрошувачка. Ќе насочиме средства директно кон граѓаните, точно кон одредени категории граѓании за да ги потрошат тие пари, со што ќе купуваат домашни производи, ќе посетат домашни туристички капацитети и тоа треба да се случи летово. Зборуваме за износ од десетици па и до 100 милиони евра, зависи од буџетските можности и одлуката на Владата – посочи Заев.

Втората димензија е насочена кон јавната потрошувачка.

– Ќе стартуваат проекти кои беа планирани за 2021 или 2022 година. Се работи за водоводи, патишта, канализации, гасификацијата, железници, училишта и градинки. Се за што има проект ќе се стави на лента и на тој начин ќе го активираме градежништвото, а тоа носи и придвижува 72 други гранки со него – појасни Заев.

Во однос на третата димензија, тој истакна дека таа се однесува на компаративната предност на македонската економија.

– Можеме многу да смениме од оваа криза, да ги унапредиме ИТ секторот и дигитализацијата, да го унапредиме земјоделството преку градење на откупни пунктови, нови дејности и одгледување на нови култури кои имаат побарувачка на пазарот – рече Заев.

The post Заев најави пакет од 500 милиони евра, фирмите составуваат список на желби appeared first on Слободен печат.


Заев најави пакет од 500 милиони евра, фирмите составуваат список на желби was first posted on мај 14, 2020 at 2:46 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....