13.8 C
Скопје
22:35 - 28 април, 2024

Заборавете на доларот, купувајте злато: Цената на скапоцениот метал ќе руши рекорди до крајот на годината

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, Голдман Сакс, пишува Блумберг.

Аналитичарите на Голдман Сакс велат дека стравувањата од инфлација во земјата нагло се зголемија. Дебатата се смени за време на очекуваната одлука на Конгресот за нова рунда фискални стимулации за зајакнување на економијата, пренесува Себиз.

Во тековната година, Федералните резерви (ФЕД) веќе го зголемија своето салдо на 2,8 трилиони долари. Голдман Сакс зборуваше отворено за последиците од ваквите стимулации. Аналитичарите препознаваат и презентираат поширока слика што ја рефлектира инфлацијата.

Банката објави дека цената на златото ќе се искачи на 2.300 долари за унца оваа година, што е значително повеќе од претходно објавениот рекорд – две илјади долари. Во моментов, главното средство за зачувување на имотот веќе порасна на 1.950 американски долари. Паѓањето на реалните каматни стапки во САД може да ја крене цената на златото на рекордно ниво, велат банкарите.

На крајот на јули, доларот падна на двегодишен минимум во однос на еврото. Трендот се засили кога Европската унија објави план за закрепнување на економијата во вредност од 750 милијарди евра.

Во јуни, поранешниот претседател на инвестициската банка Морган Стенли и професорот од универзитетот „Јеил“ Стивен Роуч предвидоа дека доларот ќе изгуби третина од својата вредност во 2021-2022 година.

The post Заборавете на доларот, купувајте злато: Цената на скапоцениот метал ќе руши рекорди до крајот на годината appeared first on Слободен печат.


Заборавете на доларот, купувајте злато: Цената на скапоцениот метал ќе руши рекорди до крајот на годината was first posted on август 3, 2020 at 11:48 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....