13.8 C
Скопје
15:26 - 19 ноември, 2024

Забавата во „Бисер“ на црно, кафулето во Регистар не постои

По дојава од совесни граѓани доцна во ноќта ни беше посочено дека се организираат забави, па веднаш на терен излегоа двајца инспектори кои утврдија голем број прекршоци, изјави за „Слободен печат“, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Јовица Пауновски во врска со синоќешната забава во „ТЦ Бисер“.

Како што веќе објавивме, откако вчерашниот почеток на учебната година беше одложен за први октомври поради пандемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи се прошири снимка од забава во кафулиња во ТЦ Бисер.

На видеото може да се види дека мерките за заштита од ширење на коронавирусот не се почитуваат, па средношколците кои присуствуваа на забавата не држеа никакво растојание ниту на отворено, ниту во затворениот дел.

Учебната година не започна вчера, но затоа средношколците ја прославија со забава во ТЦ Бисер (ВИДЕО)

 

Пауновски додава дека локалот каде вчеравечер, со гласна музика и без почитување на здравствените протоколи се забавуваа десетици млади лица, не бил ниту регистриран како правно лице, па оттаму следува прекршочна пријава за менаџерот, односно лицето кое при извршената инспекција, се претставило како управител.

ДПИ, информираат оттаму, во моментов подготвува Решение за забрана за работа и во текот на денот се очекува на објектот во „Бисер“ да осамне пломба. Покрај тоа што барот не бил регистриран, пречекорено било и работното време, бидејќи започнувајќи од септември, до еден по полноќ кафулињата и баровите смеат да работат само во петок и сабота, а сношти забавата го надминала законски предвиденото работно време.

Сепак, казни или опомени за присутните нема, па остануваат апелите за поголема совест и свесност кај граѓаните, но и угостителит, на кои им е дозволено, за време на епидемијата, да ги отворат вратите за посетителите, единствено во согласност со строгите протоколи за работа, изготвени од Комисијата за заразни болести.

The post Забавата во „Бисер“ на црно, кафулето во Регистар не постои appeared first on Слободен печат.


Забавата во „Бисер“ на црно, кафулето во Регистар не постои was first posted on септември 2, 2020 at 10:35 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....