13.8 C
Скопје
17:11 - 16 мај, 2024

ВУХАН И ПОНАТАМУ ПОД БЛОКАДА: Веќе 6 дена немаат новозаразени, а во градот владее војничка дисциплина

Во Вухан, од каде што и почна ширењето на новиот коронавирус, веќе шести ден по ред не е забележан ниту еден нов случај на заболен. Рестрикциите за движење во овој град кој е најголем во провинцијата Хубеи би требало да бидат укинати на 8 април. Животот полека се враќа во нормала, но не и луѓето.

Жена со целосна заштитна опрема се вози на точак во Вухан / 30 март 2020, Вухан, Хуабеи, Кина / ФОТО: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Иако продавниците почнаа повторно да се отвараат, граѓаните како да се плашат да излезат надвор. По двомесечниот карантин, мал број на луѓе се осудуваат да се појават на улица.

Вухан, кој брои околу 11 милиони жители, беше ставен во карантин кон крајот на јануари. Властите прво донесоа одлука за стопирање на јавниот превоз и забранија влез и излез од градот. Исто така, беше донесена и одлука за стопирање на авиосообраќајот.

Лица со заштитни маски во посета на аптека / 30 март 2020, Вухан, Кина / ФОТО: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Властите во овој град преземаа драстични мерки кога во Вухан имаше неколку стотини заболени од опасниот коронавирус и помалку од десет починати.

Речиси 11 милиони жители брзо се навикнаа на војничката дисциплина и успеаја да преживеат два месеци во карантин.

Лице носи заштитна маска додека се вози во метрото во Вухан / 30 март 2020, Вухан, Хуабеи, Кина / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Денес, кога животот во Вухан полека се враќа во нормала, граѓаните и понатаму ретко ги напуштаат своите домови. Кој и да го направи тоа, задолжително носи маска и држи растојание од два метра. При вле во поголемите трговски центри и понатаму се мери температура.

 

The post ВУХАН И ПОНАТАМУ ПОД БЛОКАДА: Веќе 6 дена немаат новозаразени, а во градот владее војничка дисциплина appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....