17.8 C
Скопје
11:42 - 14 мај, 2024

Владимир од Русија или Путин Грозни

Владимир Владимирович Путин, актуелниот руски претседател, во една пригода откри дека инспирација за своето политичко делување црпи од рускиот цар Михаил Први.

Ова споредување со основачот на царската династија Романови, во историјата запомнет како Михаил од Русија, имаше голема симболика во настојувањата на Путин да го поврати сјајот и моќта на својата земја, во првата деценија од неговото владеење. Битно е да се знае дека Михаил Први на власт доаѓа во најдраматичниот период на Русија, кога по години на полска доминација домашните благородници успеваат да го повратат суверенитетот. Во руската историја овој период се нарекува „смутное времја“ (немирни времиња), кога по долги и исцрпувачки борби со полската војска, Русија се ослободува од странскиот јарем и го трасира патот на големата и моќна држава, која и денес е една најзначајните сили во светот.

Путин и луѓето околу него времето на Русија поминато како дел од Советскиот Сојуз, го опишуваа како втори „немирни времиња“, а тоа се однесуваше и на владеењето на Борис Елцин, првиот претседател на Руската Федерација, кој беше обвинуван дека од својата земја направил колонија на американскиот капитал.

Но, во меѓувреме навршија 20 години од како Путин стана најзначајна фигура во Русија, а неговите критичари сè помалку го споредуваат со омилениот Михаил Први, правејќи компарации со Иван Грозни, најозлогласениот цар во историјата на империјата.

Владимир Путин ја распушти владата на премиерот Дмитриј Медведев, најавувајќи темелни уставни реформи. По 2024 година, кога завршува неговиот последен претседателски мандат, неговиот наследник нема да има ниту одблизу исти ингеренции како неговите. Премиерската функција е предвидено да добие поголеми овластувања, а истото ќе важи и за Думата (парламент). Тоа значи дека од претседателски модел на владеење, политичкиот систем на Русија ќе биде променет во парламентарен. Но, во уставните промени е предвидено и формирање на Совет за национална одбрана, на чие чело ќе застане токму Путин. Новата функција на сегашниот претседател ќе му даде широки овластувања, па тој повторно ќе ја има најголемата политичка моќ во земјата. Многумина сметаат дека тој ќе го следи примерот на казахстанскиот претседател Нурсланов, кој по истекот на мандатот ја презема титулата „водач на народот“. Противниците на Путин одат и чекор подалеку, тврдејќи дека по истекот на мандатот тој ќе се однесува како цар, а тоа ќе му го овозможат уставните промени.

Многу интересно е и тоа што предлогот за промената на уставот на Русија, Путин го објави на 16 јануари, на истиот датум кога Иван Четврти Ваиљевич во 1547 година бил прогласен за руски цар. Иван ќе се прослави со победите над монголските племиња, на Русија ќе ѝ го припои Сибир, но во исто време ќе поведе и беспоштедна борба со домашните неистомисленици, меѓу кои се наоѓал и неговиот син. Русија ќе добие нови територии и почитување од остатокот на светот, но во исто време една третина од населението ќе исчезне под цврстата рака на Иван, кој ќе остане запомнет под прекарот Грозни.

The post Владимир од Русија или Путин Грозни appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....