-5.2 C
Скопје
01:36 - 23 декември, 2024

Вирусот најлошо им влијае на политичарите и на поповите

Кога сте болни, одите на лекар. Најчесто на матичен, а предвид доаѓа и внучето на сосетката, кое од мало дете го знаете, а сега, личен тој, е трета година на медицина, сè со десетки. Кога сте многу болни, тогаш се обраќате на лекар- специјалист, а кога во светот владее пандемија од заразна болест, тогаш ги следите упатствата пропишани од епидемиолозите. Сите други личности се небитни.

Но, тогаш настапува проблемот, бидејќи небитните вообичаено се навикнати да го окупираат вашето внимание. Се разбира дека мислам на политичарите, кои и да сакаат, не можат да ја скријат зависта што во моментов ја чувствуваат кон лекарите. Никој нив не ги прашува за совет, за лек, за постапка при правилно држење хигиена. Во овие моменти, кога целиот свет е заразен од коронавирусот,  мислењето на политичарите е небитно. Затоа по цел ден следиме прес-конференции на небитните, на кои се предлагаат најмалку по две „спасоносни“ решенија за спас на економијата, чија употребна важност е до наредниот прес. Еден лидер на политичка партија предлага една мерка, вториот втора мерка, тоа никого не го интересира, но по пет минути излегло и лидерче од „пајтон“-партиите, предлагајќи нешто трето.

Од слични причини и министерот за здравство Венко Филипче доби „помош“ за време на своите обраќања до јавноста, кога едно прашање по рамковен принцип е резервирано за заменик-министерот. Што вели заменикот е еднакво небитно, како и нарачаното прашање, но битно и тој да каже нешто.

Небитни се и свештениците. Наместо литургии и проповеди, нивната паства ги следи препораките на лекарите. Па затоа тие се приморани на драстични мерки, кои подразбираат циркуско рекламирање на дејноста. Четири попа качени на камионче е како почеток на добар виц, но, за жал, сите ние ги видовме видеата од Велес и Кавадарци. Едниот поп прска со „света вода“ по улиците, другиот држи икона, третиот потпевнува молитва, а четвртиот мавта со крстот. Недостасува полугола убавица со питон свиткан околу вратот и едно два-три кловна за да спектаклот биде комплетен.

Колку подолго потрае опасноста од вирусот, дотолку се и поголеми шансите небитните потполно да го загубат влијанието кај граѓаните. Нивните омилени теми се потполно небитни во моментов, а паниката се зголемува, бидејќи временскиот интервал на медицинските мерки нема да биде краток. Никој сега не се грижи за тоа каде се наоѓа гробот на Александар Македонски, ниту, пак, некому му е битно дали имплементацијата на европското бла-бла законодавство ќе го забрза процесот на приближување на земјата кон бла-бла европското семејство на народи.

На луѓето им е единствено битно да останат здрави и да си ги сочуваат работните места. На сите други теми во моментов се „палат“ само партиските ботови. Коронавирусот е опасен по човечкиот вид, но може да се покаже и како корисен во расчистувањето на небитните.

The post Вирусот најлошо им влијае на политичарите и на поповите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....