По земјотресот во Измир, десет херојски кучиња од целата земја копаа низ урнатините, душкајќи и спасувајќи животи. Трагањето по преживеаните траеше со денови по земјотресот во Измир пред десетина дена, кој го погоди брегот на Турција со силина од 6,6 степени од Рихтеровата скала.
Турските власти надлежни за кризен одговор на природната катастрофа и другите државни институции задолжени за потраги и спасувања на преживеаните, како и општинските и невладините организации, во трка со времето се обидуваа да дојдат до што повеќе луѓе под урнатините, за да ги спасат нивните животи.
Керем Исик, постар водник во турските жандармериски единици, изјави за „Анадолу агенцијата“ дека кучињата за трагање и спасување на преживеаните активно беа користени во целиот процес.
„Тие идентификуваа тројца луѓе под урнатините, ги доведоа единиците за спасување до нивните локации, а помогнаа да се откријат и пет тела на починатите“, вели Исик. „Штом пронајдат некого жив, почнуваат да лаат, за да ги информираат своите водачи. Потоа почнуваат да гребат со нозете и да го покажуваат местото каде што треба да се трага.“
„Овие кучиња се тренираат уште додека се на шестмесечна возраст и продолжуваат со редовни вежби сè додека ѝ служат на нашата институција. Тие се од суштинска важност за нас“, додава нашиот соговорник.
Бројот на загинатите од овој земјотрес во Турција се искачи над стотина луѓе, додека бројот на повредените се ближи до 1.000. Географијата на Турција, лоцирана на неколку активни земјотресни линии, е една од сеизмички најчувствителните зони во светот. И во последните години имаше неколку разурнувачки земјотреси, вклучувајќи го и оној во Мармара во 1999 година.
Напишано од: Мерве Беркер
Преземено од Анадолу агенција
The post ВИДЕО: Кучињата херои спасуваа животи по земјотресот appeared first on Слободен печат.
ВИДЕО: Кучињата херои спасуваа животи по земјотресот was first posted on ноември 7, 2020 at 8:00 pm.