1.8 C
Скопје
16:24 - 23 декември, 2024

ВИДЕО | Коцевски: Доколку мерките не дадат ефект, треба да се размислува за карантин во одредени општини

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски за Утрински брифинг изјави дека тој не е за воведување на карантин, но доколку мерките не дадат ефект, тоа треба да се направи.

-Одлучивме да ги почитуваме препораките на Владата. Работиме двосменски се со цел да не падне кондицијата кај вработените. Првата смена е од 7-12:30, пола час пауза, па почнува втората смена до 17:30. Размислувам за селективен пристап за ставање во карантин на одредени општини. Доколку мерките на Комисијата не дадат ефект, сметам дека ова треба да се направи, рече тој.

-Јас не сум за целосен карантин туку да се ограничи движењето на луѓето, комбинирано со зголемување на нашата свест и совест. Треба да станат малцинство оние кои шират дека КОВИД-19 не е опасна болест, изјави Коцевски.

Тој дополни дека со неодговорното однесување се доведуваат во опасност животите на најблиските.

-Како град се трудиме да функционираме нормално, во оваа ненормална ситуација. Се обидуваме брзо да одговориме во поглед на странските инвестиции, кои и тоа како се добредојдени, вели Коцевски.

The post ВИДЕО | Коцевски: Доколку мерките не дадат ефект, треба да се размислува за карантин во одредени општини appeared first on Слободен печат.


ВИДЕО | Коцевски: Доколку мерките не дадат ефект, треба да се размислува за карантин во одредени општини was first posted on ноември 2, 2020 at 8:26 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....