10.8 C
Скопје
02:10 - 30 април, 2024

ВИДЕО: Ѓоковиќ со големо срце, љубов и прегратки за малиот Петар од Македонија!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека не само што е голем тенисер, туку и човек со големо срце.

Популарниот Ноле преку видео порака донесе љубов и насмевки кај Петар Мијалков, дете со аутизам од Македонија.

– Здраво Петре, Пецо, како си? Ти испраќам голем поздрав, еден голем бакнеж и прегратка од Белград. Се надевам дека исто така наскоро ќе се видиме во живо и се запознаеме. Те сакам многу и многу те гушкам. Чувај се – вели Ѓоковиќ во својата видео порака.

Таткото на Петар, Зоран Мијалков, кој воедно е основач на здружение за помош на децата со аутизам во Македонија, испрати голема благодарност за Ноле кој не само што е најдобриот тенисер, туку пред сѐ човек со голема душа и срце.

– Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш – напиша таткото на Твитер.

The post ВИДЕО: Ѓоковиќ со големо срце, љубов и прегратки за малиот Петар од Македонија! appeared first on Слободен печат.


ВИДЕО: Ѓоковиќ со големо срце, љубов и прегратки за малиот Петар од Македонија! was first posted on ноември 3, 2020 at 10:22 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....