2.8 C
Скопје
11:29 - 23 декември, 2024

ВИДЕО | Андоновиќ: Двојни аршини за спроведување на Ковид-протоколите

Реакции во светот поради непочитувањето на апелите и протоколите во борбата против ширењето на Ковид пандемијата во светот.

Изминатиов викенд, светот беше сведок на неколку масовни собири во Европа и Балканот.Во петокот, шокантна беше сликата на протестите во Варшава каде во услови кога Полска дневно бележи бројка од 22.000 новозаразени за еден ден, беа одржани масовни демонстрации на десетици илјади жени кои под слоганот „Доста е’“ го изразија своето незадовлство од законот предложен од полскиот претседател Дуда за забрана за абортус. Масовните протести кои траат повеќе од една недела во 400-тини градови низ Полска и се насочени против одлуката на Уставниот суд која јго дефинира прекинот на бременоста како нелегална.

И покрај строгите правила кои ги ограничуваат собирањата на помалку од пет луѓе за време на пандемијата, илјадници демонстранти, протестираа низ улиците. Носејќи црни чадори, кои се симбол на протестите за правото на абортус, државниот обвинител се закани дека ќе поднесе кривична пријава против организаторите за педизвикување на епидемиолошка закана, за што следува казна затвор и до осум години но, ништо не ги спречува жените да ги продолжат протестите.

Уставниот суд ја донесе одлуката на 22-ри месецов, и со неа се забранува секаков вид абортус, дури и да е жената силувана, жртва на инцест, или пак да носи плод со тешки оштетувања – три права кои до сега им беа дозволени на жените. За да го смири гневот на жените, претседателот Анджеј Дуда вчера поднесе предлог закон според кој, би бил дозволен абортусот во случај животот на мајката да е загрозен.

Сепак протестите продолжуваат и стануваат се помасовни. Втрориот преседан доаѓа од Балканот, поточно од Црна Гора. Погребот на црногорскиот митрополит Амфилохије викендов ги разбранува социјалните мрежи, а причината за тоа беше споделеното видео на Твитер на кое се гледа дека во Подгорица, огромен број народ се простува од починатиот митрополит, голем дел од верниците, меѓу кои и деца, го бакнуваа мртвото тело изложено во отворен ковчег. Она што е спорно и што предизвика реакции, е тоа што Амфилиохије почина како последица од ковид-19.

Прашањата на дел од корисниците на социјалните мрежи беа, како е можно починат од коронавирус да се држи во отворен ковчег, а не во лимен, како што налагаат протоколите секаде во светот и како е можно огромен број луѓе да се редат еден позади друг без никаква физичка дистанца и без маски и да го бакнуваат телото на починатиот митрополит.

Сето тоа пред големиот број на преставници на Србија Црна Гора и Босна, како високи црковни великодостојници, кои патем секојдневно апелираат до граѓаните за држење дистанца и почитување на протоколите за борба против Ковид пандемијата. Особено што и покрај препораките на здравствените власти кои издале и налог да биде затворен ковчегот на митрополитот Амфилохије., тоа не било не било испочитувано од страна на организаторот на погребот.

Се погласни се стравувањата дека како резултат на масовните протести во Полска и претходно во Италија и Шпанија, како и масовното присуство на погребот на Митрополитот Амфилохије, со сигурност ќе се претворат во нов супер кластер на Ковид заразата во Европа.

The post ВИДЕО | Андоновиќ: Двојни аршини за спроведување на Ковид-протоколите appeared first on Слободен печат.


ВИДЕО | Андоновиќ: Двојни аршини за спроведување на Ковид-протоколите was first posted on ноември 2, 2020 at 9:42 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....