Ватикански судија ja затвори истрагата на случај стар неколку децении кој се однесува на исчезнатата тинејџерка Емануела Орланди откако не се пронајдени докази дека е закопана на ватиканските гробишта.
Судијата го прифати барањето на обвинителот да се затвори случајот, објави денеска Ватикан.
Одлуката „затвора едно од поглавјата на овој тажен настан во кој Ватикан од почетокот нудеше соработка“; објави Ватикан.
Емануела Орланди, граѓанка на Ватикан, чиј татко бил вработен во домаќинството на папата Јован Павле Втори, исчезна во центарот на Рим 1983 година, кога имаше 15 години, а случајот покрена низа интриги, негодувања и теории на завера.
Минатата година случајот е повторно отворен откако во едно анонимно писмо е сугерирано дека посмртните останки на девојчето се во една од двете гробници од 19. век на ватиканското Тевтонски гробишта, по потрагата не вроди со плод.
Ватикан рече дека семејството Орланди може да продолжи со приватни истрага врз база на неколку фрагменти од коски кои ги има ватиканската полиција.
Некои во минатото исчезнувањето на тинејџерката го објаснуваа со заговор на разузнавачките служби против Папата, мафијашката банда Маглиани и сексуални предатори меѓу свештениците.
Ќерката на вработениот во Ватиканската банка имаше 15 години кога исчезна
Емануала му беше ќерја на Ерколе Орланди, вработени во Институтот за религиозни работи, колоквијално познат како Ватиканска банка. Тој со сопругата и петте деца живееше во самиот Ватикан, а Емануале одела во научниот лицеј, специјализирано средно училиште во Рим.
Орланди три пати неделно одела во Музичко училиште поврзано со Понтификалниот институт за сакрална музика, каде учела да свири флејта. Обично до музичкото училиште одела со автобус, по што имала уште 200 метри пеш.
На 22. јуни 1983 година доцнела на музичко, подоцна и објаснила на сестрата телефонски, тврдејќи дека добила понуда за работа од Авон козметика. Нејзината сестра ја советувала да се консултира со родителите да да ја прифати работата.
Орланди наводно договорила состаник со претставникот на Авон пред часот по музичко, а подоцна во музичкото училиште разговарала со пријателка за работата. Пријателката се разделила од неа на автобуската станица, оставајќи ја во друштво со друга девојка. Орланди наводно последен пат е видена како влегува во непознато БМВ со темна боја.
Уште едно 15-годишно девојче исчезнало 40 дена пред Емануела
Мирела Грегори исто така имала 15 години кога исчезнала – 40 дена пред Орланди.
Грегори, според сведочењето на нејзината мајка, одговорила на домофонот во семејниот стан, а потоа им рекла на родителите дека е пријател од училиште и дека ќе оди надвор да разговара со него. Никогаш не се вратила дома.
Истражителите не ја исклучија можноста нивните исчезнувања да се поврзани, а за нивното исчезнување кружеле бројни теории. Според една, италијанската мафија ја грабнала за да го натера Ватикан да го врати долгот.
Сомнежи за вмешаност на мафијата дополнително ја продлабочи анонимен гледач кој во 2005 година во телевизиска емисија рече дека тајната за грабнувањето на Орланди е закопана заедно со Енрико „Ренатино“ де Педисо, мафијаш кој некогаш бил на чело на озлогласената банда Маглиани која го тероризирала Рим во 80-тите години. Полицијата го отвори неговиот гроб во 2012 година, но во ковчегот биле само коските на Де Педисо, убиен во 1990 во мафијашка пресметка.
Киднаперите барале пуштање на атентаторот на папата Јован Павле Втори?
Според втората, киднаперите сакале да изнудат ослободување на Мехмет Али Агџа, Турчин кој извршил неуспешен атентат врз папата Јован Павле II. во 1981., кој тогаш отслужувал доживотна затворска казна во италијанскиот затвор пред да биде испорачан во Турција во 2000 година, а во 2006 е ослободен. Кратко по исчезнувањето на Орланди непознато лице се јавило во полиција и рекло дека девојчето ќе биде пуштено откако Агџа ќе биде ослободен.
Други се сомневаат дека самиот Ватикан е вмешан во нејзиното исчезнувањео, односно киднапирање и можно убиство. Меѓу нив е и братот на Емануела, Пиетро Орланди кој со децении води кампања за нерешеното убиство на својата сестра. Според една теорија, во киднапирањето на Орланди бил вмешан и американскиот надбискуп и поранешен претседател на Ватиканската банка Пол Ц. Марцинкус, кого го поврзувале со голем скандал во Ватикан, пишува Њујорк Тајмс. Марцинкус почина во 2006 година.
Ватикански егзорцист: Грабната е поради сексуални оргии на моќниците
Можеби најбизарна, но и најстрашна теорија е онаа која во 2012 година ја изнесе славниот ватикански егзорцист Габриеле Аморт, кој почина во 2016 година. Тој тогаш утврди дека 15-годишното девојче е грабнато за да биде искористено во оргии кои ги организирале дипломати на странска амбасада во Светата Столица, при што припадни на Ватиканската стража ги „врбувал девојките“
„Тоа е злосторство со сексуален мотив. Забавите се организирале, а ватикански стражар делувал како „регрутер“ на девојките. Мрежата вклучувала дипломатски персонал од странските амбасади во светата столица. Верувам дека Емануела завршила како жртва на овој круг“, рече Аморт, додавајќи дека на крајот е убиена, а нејзиното тело е фрлено.
Во 2017 е објавен документ за ватиканските „трошоци“ за Емануела
Самиот Ватикан пак во неколку наврати соопшти дека соработува со италијанската полиција околу овој случај. Меѓутоа, во 2017 година е објавен таен документ, пишан со рака на пет страници од ватиканскиот кабинет, кој повторно ги разбуди сомнежите за вмешаноста на Ватикан во овој случај. Самиот наслов на документот е повеќе од симболичен „Сумирани трошоци кои Градот – Држава Ватикан ги поднесе поради активностите поврзаи со граѓанката Емануела Орланди (Рим 14. јануари 1968)“.
Италијанскиот новинар Емилиано Фитипалди го објави овој документ во рамки на својата книга „Натрапници“ и беше на суд поради објавувањето на ватиканските документи во аферата позната како Ватиликс.
Документот наводно го напишал еден ватикански кардинал и двајца надбискупи, а во него се наброени трошоци меѓу 1983 и 1997 година во вкупен износ од 483 милиони лири, што се денешни 250 илјади евра. Трошоците вклучуваат различни „трансфери“ и сместувања, вклучувајќи и во Лондон и на други места, како и медицински прегледи, вклучително и гинеколошки.
The post Ватикан го затвори случајот со одамна исчезнатото девојче, теориите за нејзиното исчезнување се страшни appeared first on Слободен печат.