-4.2 C
Скопје
03:25 - 23 декември, 2024

Училишната година почна: Некој онлајн, некој офлајн, некој со бојкот

Во ковид услови од вчера започна новата учебна година, а учениците кои почнаа да следат онлајн настава вчера го одржаа својот прв регуларен час преку Националната платформа за далечинско учење.

Од Министерството за образование информираат дека 98 отсто од децата од прво до трето одделение седнале во училишните клупи и дека онлајн наставата е стабилна.

„Министерството за образование и наука информира дека првиот училишен ден во основните и средните училишта помина во најголем дел успешно. Настава со физичко присуство во основните општински улилишта започна за речиси сите деца од прво до трето одделение, односно 98% седнаа во училишните клупи, а останатите 2% одлучија наставата да ја следат од далечина. Наставата со физичко присуство се организираше согласно протоколите утврдени од здравствените власти, со цел максимално да се намалат ризиците од ширење на ковид-19 и да се заштити здравјето на сите учесници во образовниот процес“, стои во соопштението на МОН.

Кога станува збор за онлајн наставата, од МОН информираат дека досега околу 70% од учениците и наставниците во средните и основните училишта се вклучиле успешно, или со помали проблеми ги одржале онлајн часовите. Од друга страна, 20% од учесниците на онлајн часовите во основно образование пријавиле проблеми во најголем дел со опремата со која располагаат училиштата, интернетот, или опремата на учениците.

„Платформата за онлајн предавања поставена преку Мајкрософт тимс е стабилна и досега не се детектирани покрупни проблеми. МОН, заедно со сите учесници во креирање на платформата продолжува и понатаму будно да ја следи состојбата на терен“, информираат од МОН.

Средношколци во Тетово протестираа против онлајн наставата

Уште на првиот училишен ден средношколци од Тетово го искажаа своето незадоволство од онлајн наставата и излегоа на протест пред Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Нивното барање е наставата да почне со физичко присуство. Велат дека се доволно возрасни за да можат да се грижат за личната хигиена и да ги почитуваат владините мерки за одржување настава со физичко присуство.

Учениците велат дека веќе виделе како функционира учењето од далечина и се убедени дека оваа метода нема да даде позитивни резултати.

Инаку, според податоците на Општина Тетово, 3.400 ученици во основните уичилишта од прво до трето одделение ја започнале наставата со физичко присуство. Вкупниот број на ученици во Општина Тетово во основното образование е 9.850, а во средното образование 6.300 ученици.

Царовска ги повика родителите и децата да не ја бојкотираат наставата

Министерката за образование, Мила Царовска денеска ги повика родителите и децата да не ја бојкотираат наставата, затоа што со тоа нема да се решат проблемите.

Министерката Царовска денеска беше во посета на Основното Училиште „Петар Здравсковски Пенко” во населбата Скопје Север, од каде истакна дека се обезбедени сите технички услови, и за настава со присуство и за онлајн-настава.

Царовска: Родителите и децата да не ја бојкотираат наставата

– Секој од нас е одговорен за јавното здравје. Бојкотот е неконструктивен начин за искажување на незадоволството. Ги повикувам сите наши граѓани, деца, дека секој од нас треба да се справува на конструктивен начин со оваа епидемија. Се стремиме да бидеме како најразвиените земји. Образованието е најважно, ние треба да се трудиме да ја намалиме детската сиромаштија. Оваа пандемја е лекција за нашата држава – рече Царовска.

 

The post Училишната година почна: Некој онлајн, некој офлајн, некој со бојкот appeared first on Слободен печат.


Училишната година почна: Некој онлајн, некој офлајн, некој со бојкот was first posted on октомври 2, 2020 at 1:52 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....