Промената на власта во Црна Гора е се поизвесна. Опозицијата, според преброените гласови има освоено повеќе мандати и е во предност за формирање парламенатрно мнозинство и Влада.
Имено ДПС на Мило Ѓукановиќ, заедно со коалициските партнери имаше освоено 40 мандати додека опозоциската коалција „За иднината на Црна Гора“ 41 мандат.
Но, соодносот се промени откако една од партиите од коалицијата на Ѓукановиќ се „откачи“ од сојузот со Мило и двата мандати што таа ги освои ја сведоа ДПС на само 38 мандати.
Тоа дава за право на фактот дека и покрај немирите и отпорот од владеачката партија и нејзините приврзаници, се поизвесно е дека новата Влада ќе биде составена од овие три партии кои влегуваат во победничката коалиција.
Таа е составена всушност од три коалиции „За иднината на Црна Гора“ која освоила 32,81 проценти од гласовите, потоа „Мирот е нашата нација“ со освоени 12,07 проценти и „Црно на бело“ која освоила 5,54 проценти гласови.
Иако лидерот на „За иднината на Црна Гора“ Здравко Кривокапиќ е централната фигура во политичките превирања во земјата, сепак најмалата партија во коалицијата „Црно на бело“, УРА и нејзиниот лидер Дритан Абазовиќ се камчето на терезијата со која опозицијата е во ситуација да има мнозинство за да формира Влада.
Абазовиќ е Албанец по потекло и токму затоа тој и неговите политички определби се во фокусот на интерес на домашната, но и на меѓународната јавност.
Многумина од него очекуваа да се залага за колективните права на Албанците. Од таму изненади неговата изјава дека во политиката се води од начелата на граѓанска партија:
„Црна Гора никогаш нема да стане српска Спарта, ниту покраина на Голема Албанија, ниту на Голема Србија, ниту на било која држава“!
И додава:
„Јас не правам соработка со националните заедници, туку со луѓето. Не се борам за Србите, Црногорците, Албанците, Бошњаците, се борам за луѓето.
Ваквите ставови јасно ставаат до знаење дека смената на политиката на Мило Ѓукановиќ не значи нужно дека опозицијата е про српска како некои во Србија сакаат да и припишат.
Свој придонес има се разбира и српскиот претседтел Александар Вучиќ:
„Мене ми е важно што се крена српскиот народ во Црна Гора за да ги штити своите идентитески права и тоа што ние како држава им помогнавме со најголема сума на пари во српските организации“.
Наспроти ваквите инсинуации, lидерот на коалицијата „Мирот е нашата нација“ Алекса Бечиќ експлицитно прачува дека новата власт нема да биде ни проруска, ни просрпска, ни проалбанска, туку процрногорска власт.
Основните правци на победничката коалиција се дека Црна Гора во оваа фаза мора да ја предводи експертска Влада, која земјата ќе ја внесе во ЕУ, потоа преиспитување на одредени закони, вклучувајчи го и законот за слобода на вероисповед, како и носење на закон за потекло на имотот, и законот за лустрација.
Околу најдискутабилното прашање дали новата власт ќе го ревидира членството во НАТО, сите членки на коалицијата се единствени дека тоа не доаѓа предвид.
Од тие постулати нема отстапки ниту милимиетар. Кому до таква државе не му е, не може да биде партнер на коалицијата „Црно на бело“, вели Дритан Абазовиќ.
The post Црна Гора нема да биде ниту Српска Спарта, ниту покраина на Голема Албанија appeared first on Слободен печат.
Црна Гора нема да биде ниту Српска Спарта, ниту покраина на Голема Албанија was first posted on септември 4, 2020 at 2:37 pm.