2.8 C
Скопје
22:01 - 21 декември, 2024

Цел Запад гледа кон Русија: Русите развиваат метода за лечење на коронавирус со помош на хелиум

Руските научници тестираат методи на примена на хелиумот во лечење на коронавирусот, соопшти прес-службата на Одделението за здравство во Москва.

– Руски апарат за терапија со хелиум моментално се тестира во научно-истражувачкиот Институт за итна помош „Склифосовски“ во Москва. Новитетот веќе предизвика голем интерес во 10 земји – САД, Франција и други европски земји, соопшти прес-службата.

Како што се наведува, лечење на акутни болести на белите дробови со помош на хелиум е ефикасно заради посебното својство на тој гас. Според мислењето на експертите, хелиумот може да спречи хипоксија, што би допринело до рана превенција на компликации, предизвикани од коронавирусот.

– Технологијата е експериментална. Терапијата ќе се спроведува со помош на посебен уред. Пациентот 15 минути вдишува хелиум оксид загреан на 92 степени. Истовремено, се подобрува дифузијата на кислород низ алвеоларната мембрана при појачаниот проток на крв во белите дробови, се смалува отпорот на дишните патишта, при што мускулите се опуштаат. На таква температура можно е слабеење на вирусот, но пациентот нема да се чувствува непријатно заради високата температура, процедурата може да се спореди со посета на сауна, се објаснува за терапијата.

Покрај тоа, хелиумот го подобрува снабдувањето на крвта и микроциркулацијата на различни ткива во организмот, што е многу важно, бидејќи нарушената микроциркулација е една од главните причини за смрт од коронавирусот.

The post Цел Запад гледа кон Русија: Русите развиваат метода за лечење на коронавирус со помош на хелиум appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....