2.8 C
Скопје
18:25 - 23 декември, 2024

Трамп сака да остане претседател и не ги бира средствата за да успее во тоа (ВИДЕО)

Мејлот кој тимот за изборна кампања на Доналд Трамп го испратиле на неговите поддржувачи сериозно го налути претседателскиот противкандидат Џо Бајден, кој во писмо до своите поддржувачи напиша дека ниту една реченица од писмото на Трамп не е вистинита.

– Нема други зборови за ова. Овој мејл е ѓубре, напишал Бајден.

Споменатото писмо, пратено од профилот на Трамп за изборната кампања има наслов „Џо Бајден е виновен“, а во текстот се објаснува и зошто. Како што се наведува, бившиот потпретседател ја користел државната моќ за незаконски да ја шпионира претседателската кампања на Трамп во 2016 година и да го прошири митот за руското влијание на изборната кампања. Сега, наводно постојат индикации дека „Заспаниот Џо“ е виновен, но во писмото не е објаснето со какви индикации и кој го шпионирал по барање на Бајден.

Тоа е бидејќи веројатно обвинението на Трамп на сметка на Бајден нема поврзаност со реалноста, оценува германски Шпигл. Дури и министерот за правда на Трамп, Вилијам Бар во петокот изјави дека не верува дека преиспитување на истрагата за руското мешање во американските претседателски избори ќе го поврзува и Бајден.

На Трамп меѓутоа и не му е важна вистината. Него го загрижуваат анкетите, кои покажуваат дека Бајден води и во таканаречените неодлучни држави како Мичиген и Пенсилванија, кои веројатно ќе бидат пресудни на исходот на претседателските избори во ноември оваа година.

Трамп Џуниор му помага на татко си

Пред неколку недели Доналд Џон Трамп Џуниор почна кампања за ширење на лаги за Бајден. Најстариот син на претседателот на Инстаграм стави фотографија од Бајден, кој наводно вели „Се гледаме подоцна, алигатору“, на што алигаторот одговара „Наскоро, педофилу“.

Трамп подоцна објаснил дека се шегувал и дека заради тоа на крајот ставил смајли.

Друга мета на напад бил синот на Бајден, Хантер. Трамп Џуниор бараше од Кина да ги преиспита активностите на Хантер Бајден, кој наводно добил 1,5 милион долари од Пекинг и преговарал со една кинеска банка. Доказ дека ги добил парите од Кина нема, но како и во аферата со Украина, која на крај донесе до подигнување на постапка за гласање на недоверба за претседателот, и овој пат синот послужи за да го наруши угледот на татко си, пишува Шпигл.

The post Трамп сака да остане претседател и не ги бира средствата за да успее во тоа (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Трамп сака да остане претседател и не ги бира средствата за да успее во тоа (ВИДЕО) was first posted on мај 23, 2020 at 10:35 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....