21.8 C
Скопје
19:56 - 30 април, 2024

Трамп на интервју се скара со новинарот околу бројот на починати од коронавирусот (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на едно телевизиско интервју неделава влезе во жолчна расправија со новинарот, жестоко оспорувајќи го мерењето на бројот на смртни случаи поврзани со пандемијата процентуално во однос на бројот на жители.

Размена на мислење следуваше како составен дел од напорите на американскиот претседател да се намали сериозноста на размерот на пандемијата во САД, иако и неговите здравствени експерти се повеќе предупредуваат за страшната зараза.

Трамп во интервју за порталот Акиос, кој го емитува ХБО, утврди дека САД всушност имаат „најмал“ број во светот во бројни категории, иако земјата забележа 150.000 смртни случаи, повеќе од било која друга нација досега.

Новинарот Џонатан Свон во повеќе наврати се обиде да го врати разговорот на тема „смртноста како процент во вкупната популација“ што според неговите зборови покажува дека САД се соочува со сериозни проблеми.

„Не можете да го правите тоа“, возвраќаше Трамп извлекувајќи листови со графикони во боја.

Претседателот првенствено сакаше да се фокусира на податоците за смртноста во однос на бројот на случаите на зараза, што помага да се избегне прашањето за тоа дека во САД има огромен број на инфекции.

„Не известувате коректно“, инсистираше американскиот претседател, кој ја застапува теоријата дека САД направија голем број тестови и затоа бројките за заразени се толку високи. Неговите експерти исто така ја оспоруваат оваа теза.

Земјата на почетокот на летото забележа пад на бројот на смртни случаи поврзани со ковид-19, но бројките повторно пораснаа. Последните недели секој ден се бележат над 1.000 смртни случаи дневно.

The post Трамп на интервју се скара со новинарот околу бројот на починати од коронавирусот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Трамп на интервју се скара со новинарот околу бројот на починати од коронавирусот (ВИДЕО) was first posted on август 4, 2020 at 7:32 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....