Јавното претпријатие за државни патишта во текот на минатата година остварило најголема добивка во однос на сите други државни фирми и јавни претпријатија, објави порталот „Пари“.
Добивката на ова јавно претпријатие лани била во висина од 46,9 милиони евра. Ова претпријатие високо котира и според остварените приходи во текот на минатата година кога има приходи во износ од 140 милиони евра. Просечниот број на вработени бил 457 лица, односно е зголемен за триесет во однос на претходната година. Минатата година била финансиски подобра од 2018 година. ЈП за државни патишта во 2018 година имало добивка 40,6 милиони евра, додека приходите биле 124,5 милиони евра.
На второ место на листата државни компании со најголеми профити е МЕПСО. Лани има добивка од 7,2 милиони евра и во однос на 2018-та, таа е зголемена. Но, лани МЕПСО прикажал намалени приходи во однос на претходната година. Минатата година, просечниот број вработени бил 653 и е зголемен во однос на 2018 година кога бил 585.
Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија се наоѓа на трето место од листата на државни фирми со најголеми добивки. Компанијата има раст на приходите и добивката во 2019 година споредено со претходната. Вкупниот приход за 2019 година е во износ од 9,1 милиони евра и профит во висина од 5 милиони евра со просечно 51 вработен. Во 2018 година Државна лотарија имала приходи од 6,4 милиони евра и добивка во износ од 3,3 милиони евра, додека просечниот број вработени бил 50.
Со добивка од 3,1 милиони евра остварена во 2019 година следува државната енергетска компанија ЕСМ. Но кај оваа компанија има драстично намалување на профитот во однос на 2018 година, кога изнесувал 27,2 милиони евра. Лани вкупниот приход на ЕСМ изнесувал 207, 3 милиони евра, и е намален во однос на претходната година кога изнесувал 223,4 милиони евра. Просечниот број вработени бил 4 751 а во 2018 та во фирмата работеле просечно 4 754 луѓе.
Јавно претпријатие Национална радиодифузија за 2019 година прикажува добивка од 1,7 милиони евра и во однос на претходната, регистриран е пад на профитот, кој изнесувал 2,2 милиони евра. Ова јавно претпријатие минатата година има приходи од 4,7 милиони евра, додека во 2018 година биле околу 5 милиони евра. Просечниот број вработени лани е 141 додека претходната година просечниот број на вработени бил 144.
Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта минатата година прикажува добивка од 750 илјади евра, приходите биле на ниво од 18,6 милиони евра, со просечен број на 714 вработени. Во 2018 година просечниот број вработени во ова јавно претпријатие бил 764.
Јавно претпријатие „Водовод и канализација“ за разлика од 2018 година, минатата година направило добивка од 725 илјади евра. Лани, остварени се приходи од 23,5 милиони евра. Ова јавно претпријатие лани имало 1.255 просечен број вработени додека во 2018 година просечниот број вработени бил 1.229. Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација „М – НАВ“ АД во текот на минатата година има добивка во износ од 470 илјади евра. Профитот во однос на 2018 та е драстично намален со оглед дека тогаш имал добивка која изнесува 2, 6 милиони евра. Лани „М-НАВ“ прикажало приход во износ од 17,7 милиони евра што е приближно исто како и претходната година. Просечниот број вработени бил 300, додека во 2018-та просечно биле вработени 288 луѓе.
Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ лани има добивка од 402 илјади евра, што е пораст во однос на 2018 година. Лани ова Јавно претпријатие прикажало приход во износ од 27 милиони евра, што е на ниво како и претходната година. Ова јавно претпријатие не е во водечките според добивките, но е во друштво на оние кои се најголеми работодавачи – со просечен број на 2.274 вработени во текот на минатата година, додека во 2018-та имало 2.250 просечен број вработени.
ЈП „Паркови и зеленило“ за разлика од 2018 година, лани прикажува добивка од 240 илјади евра. Ова јавно претпријатие лани има просечен број на 513 вработени а во 2018 та просечниот број на вработени бил 572. Централен регистар – како државна институција лани прикажува добивка од 219.000 евра што е помалку во однос на 2018-та, кога добивката изнесувала 841.000 евра. Приходот на Централен регистер во 2019-та бил 5,6 милиони евра, а просечниот број вработени изнесувал 339 што е растечки тренд во однос на 2018-та кога просечниот број вработени бил 296.
The post Топ 10 државни фирми што прават најголеми профити: ЈП за државни патишта – рекордер според добивката appeared first on Слободен печат.
Топ 10 државни фирми што прават најголеми профити: ЈП за државни патишта – рекордер според добивката was first posted on јули 10, 2020 at 8:30 am.