Во пресрет на 13-годишнината од смртта на нашиот Тоше Проески, неговиот голем пријател и колега, хрватскиот пејач Тони Цетински со своите обожаватели сподели дека никогаш нема да го преболи заминувањето на неговиот пријател, соработник и колега.
„13 долги години. Утре некаде во ова време нѐ напушти физички, но само физички брате мој. Не ми се верува колку многу ми недостасуваш денес и колку сѐ уште ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер“, напиша Тони.
„Ме прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да, плачам. На пат сум, секако, и има одвратен дожд, но твојата насмевка е надежта која ни е толку потребна во овие чудни и зли времиња. Ќе биде сѐ во ред додека те имаме тебе кој нѐ чуваш со својата присутност, песни и целата добрина што ја остави на оваа планета. Ти си ангел на добрината. Знам дека нѐ чуваш како што и ти мора да знаеш дека си секогаш во нашите молитви. Те сака твојот брат“, додаде Цетински.
Нашиот непребол, Тоше Проески, загина во сообраќајна несреќа на автопат кај местото Нова Градишка во Хрватска. 26 годишниот Тоше за време на судирот спиел на совозачкото место…
The post Тони Цетински во пресрет на 13-годишнината од смртта на нашиот Тоше: Ти си ангел на добрината appeared first on Слободен печат.
Тони Цетински во пресрет на 13-годишнината од смртта на нашиот Тоше: Ти си ангел на добрината was first posted on октомври 15, 2020 at 1:39 pm.