4.8 C
Скопје
18:14 - 18 декември, 2024

Тијана Дапчевиќ ни откри што прави во изолација: Чистам, гледам филмови и јадам многу лук и кромид! (ФОТО)

Пандемијата на коронавирусот го промени животот на целата наша планета и поради тоа повеќето од нас сме веќе со недели или месеци затворени во своите домови и ги слушаме препораките на здраствените власти. 

Факт е дека никој од нас не е навикнат со недели да седи во карантин, но кога се работи за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, тогаш немаме избор.

 

View this post on Instagram

 

Mile moj❤ #tb #kop

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on


Нашите познати личности во земјата постојано преку нивните социјални мрежи повикуваат да останеме дома и да ги почитуваме препораките.

„Слободен печат“ разговараше со познатата пејачка и актеркаТијана Дапчевиќ за тоа како го поминува времето во изолација.

– Нема што не правам. Тоа што не сум го правела со години, сега го правам. Се што имав да исчистам од фиоки, плакари, се направив. Сите филмови ги изгледав, средив цвеќињата, секој ден имам нешто ново. Дали е тоа нов филм, нова книга, нова серија, нова театарска претстава. И добро е тоа што се тоа го правиме заедно со синот и сопругот, инаку ќе се испозаколеме. Шетам куче, додека не е полицискиот час тука кај нас има една шума во близина и шетаме сите тројца. Оваа изолација супер ми дојде…

С.П. Што ти недостига највеќе од секојдневието кое го имавме пред коронавирусот?

– Ми недостига дружењето со пријателите, ми фали да дојдаам во Скопје да ја видам сестра ми, деца, мајка татко, ми фали да идам на кафе, да идам во театар, ми фали да идам во кафеана.

С.П. Каква поука треба да извлечеме после се ова?

– Па, мислам дека полека веќе извлекуваме поука. Да се завртиме кон себе си, да си го гледаме дворот, да си го чуваме дворот, да ја чуваме планетата, да не брзаме толку. Да го живееме секој ден како да е последен, да се сакаме себе си и да си ја гледаме својата работа. Тоа е најголемата поука, а највеќе да ја чуваме планетата.

С.П. Што ќе направиш првиот ден кога ќе ни кажат дека може да се вратиме на секојдневниот живот?

– Првиот ден кога ќе ни кажат дека можеме да се вратиме во секојдневниот живот ќе запалам автомобил и ќе идам во Скопје. Потоа ќе идам во кафеана со сестра ми.

С.П. Кој филм го препорачуваш на твоите пријатели, обожаватели, колеги да го погледнат овие денови?

– Сите оние што беа номинирани за Оскар. Мене најголем впечаток ми остави „Медена земја“. Не дека е наш, туку навистина е филм кој те замислува и те помрднува. И „Паразит“ – корејскиот филм. Од серии топло препорачувам „Handmaid’s tale“, „Queen of the South“ и „La Casa de Papel“.

С.П. Каква музика слушаш периодов?

– Си пуштаме плејлиста на Јутјуб и си играме. Секоја музика која може да те крене за да го сочуваш разумот.

С.П. Омилена храна која ја приготвуваш откако си дома?

– Секој ден готвам. Јас секој ден готвам и не ми ново. Здрава храна е таа која треба да се конзумира. Јадеме лук и кромид во ненорнални количини, пиеме лимон, јадеме салати. Само здрава храна.

С.П. И за крај што би препорачала на нашите читатели?

– Им препорачувам да останат здрави, добри, да се чуваат. Да седат дома додека не заврши оваа пандемијава или чумава и да се дружиме што е можно поскоро…

The post Тијана Дапчевиќ ни откри што прави во изолација: Чистам, гледам филмови и јадам многу лук и кромид! (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....