12.8 C
Скопје
14:51 - 22 ноември, 2024

СЗО за вториот бран: Короната наликува на шпанскиот грип, можат да умрат милиони

Милиони луѓе би можеле да умрат ако дојде до втор бран од пандемијата од коронавирусот, предупреди денеска официјален претставник на СЗО додавајќи дека смртоносната епидемија досега се однесуваше онака како што предвидоа експертите на СЗО.

„Можеме оваа пандемија да се споредиме со шпанскиот грип која се однесувала точно како ковид-19, се смирила летото, а потоа пак жестоко тргнала во септември и октомври, предизвикувајќи во текот на вториот бран 50 милиони смртни случаи“, рече лекарот Раниери Гиера, помошник на генералниот директор на СЗО, пренесува Си Ен Ен.

Пандемијата се однесува онака како што предвидувавме“, додаде тој.

Предупредувањето на Гуеро дојде откако некои земји од Европа, а и ширум светот, полека се движат кон ублажување на строгите мерки за ограничување кои се воведени за да се сузбие ширењето на коронавирусот.

Според податоците на страницата Ворлдметерс, доседа на светот се забележани повеќе од 9,7 милиони случаи на зараза со ковид-19. Вкупно починале речиси 500.000 луѓе, а се опоравија 5.276.000.

Најголем број смртни случаи имаат САД со 126.000 мртви. После тоа следува Бразил со 55.000 жртви, а потоа Британија со 43.000.

 

The post СЗО за вториот бран: Короната наликува на шпанскиот грип, можат да умрат милиони appeared first on Слободен печат.


СЗО за вториот бран: Короната наликува на шпанскиот грип, можат да умрат милиони was first posted on јуни 26, 2020 at 7:35 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....